Back Mинистерството за правда и неговите подрачни одделенија добија 25 лаптопи за поддршка на својата клучна улога во давањето на бесплатна правна помош и пристап до правда за сите граѓани во Северна Македонија

Mинистерството за правда и неговите подрачни одделенија добија 25 лаптопи за поддршка на својата клучна улога во давањето на бесплатна правна помош и пристап до правда за сите граѓани во Северна Македонија

25 лаптопи во вредност од над 14,000 ЕУР денес беа донирани на Министерството за правда наменети за поддршка на неговите подрачните одделенија и зајакнување на нивната улога како даватели на бесплатна правна помош.

За време на примопредавањето, Министерот за правда д-р Никола Тупанчески се заблагодари за поддршката од Европската Унија и Советот на Европа наменета за Министерството за правда и неговите подрачните одделенија, истакнувајќи ја важноста на оваа донација во процесот на обезбедување на бесплатна правна помош за граѓаните и еднаков пристап до правдата за сите.

„Министерствтото за правда и подрачните одделенија имаат клучна улога во процесот на давање на бесплатна правна помош на граѓаните кои што поради својата финаниска положба тоа не можат да си го дозволат. Токму поради тоа се наметнува и потребата од ефективно пружање на квалитетни услуги за бесплатна правна помош на граѓаните. Подрачните одделенија во изминатиот период се соочуваа со пречки во работењето токму поради отсуството на соодветна техничка опрема за извршување на нивната секојдневна работа и донацијата на овие 25 лаптопи во голема мера ќе придонесе во отстранување на тој проблем. Во таа насока, сакам да се заблагодарам на претставниците на Европската Унија и Советот на Европа за укажаната доверба во нашето работење и што со нивната донација ќе придонесат кон поголема ефективност и ефикасност на работата на подрачните одделенија при Министерството за правда, а со тоа и зајакнување на пристапот до правда за сите“, изјави Министерот Тупанчевски.

Раководителката на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, г-а Лејла Дервишагиќ ја подвлече постојаната соработка со Министерството за правда во обидите за унапредување на системот за бесплатна правна помош, како и градење општество каде пристапот до правдата е еднаков за сите.

„Советот на Европа соработува со Министерството за правда во унапредување на системот за бесплатна правна помош којшто е многу важен за граѓаните на Република Северна Македонија. Досегашните резултати се охрабрувачки и опремата која ја предаваме денес ќе придонесе кон дополнително зајакнување на капацитетите, пред се, на подрачните одделенија на Министерството за правда, отстранувајќи ги пречките коишто постоеја во изминатиот период поврзани со отсуството на соодветна техничка опрема. Со тоа ќе се придонесе кон зајакнување на ефикасноста и квалитетот во обезбедувањето на услугите за бесплатна правна помош”, истакна Дервишагиќ.

Постоењето на ефикасен систем за бесплатна правна помош за оние коишто немаат доволно финансиски средства е важен елемент за обезбедување на ефективен пристап до правда, во согласност со Европските стандарди.

Донираната опрема се состои од 25 лаптопи во вредност од над 14,000 ЕУР и е обезбедена преку заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа за “Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија”. Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на клучните актери во Северна Македонија во напорите да ги зајакнат ефикасноста, квалитетот, пристапноста и свеста за бесплатната правна помош во Северна Македонија.

Оваа иницијатива, дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа,„Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022” што се спроведува во блиска соработка со Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Скопје 1 април 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page