Back Клучните чинители во Северна Македонија го зголемија своето знаење за проактивно откривање, идентификување и упатување на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

Клучните чинители во Северна Македонија го зголемија своето знаење за проактивно откривање, идентификување и упатување на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација

„Трудовата експлоатација зема се поголем замав и трудовите инспектори се први што доаѓаат во контакт со потенцијалните жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација. Оттука, овој вид на обуки за трудовите инспектори се навистина потребни“ – истакна Јавната обвинителка Гордана Смаќоска, Раководителка на Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе, во текот на основната обука за проактивно откривање, идентификување и упатување на потенцијални жртви на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Дваесет и девет трудови инспектори, полицајци, социјални работници и претставници од невладиниот сектор учествуваа на обуката, организирана од страна на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“. За мнозинството од учесниците, обуката претставува прва можност да ги осознаат елементите и индикаторите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и поврзаната родова димензија.

Обуката беше спроведена во соработка со Државниот инспекторат за труд. В.Д. Директорката Весна Томовска ја истакна потребата од јасно дефинирана надлежност во законот, за да трудовите инспектори бидат во можност да споделуваат информации, но исто така и да документираат случаи на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација.

Дополнително, државната советничка Елена Грозданова од Министерството за труд и социјална работа го нагласи придонесот на Министерството при идентификација, заштита и помош за жртвите на трговија со луѓе. Националните механизам за упатување за жртвите на трговија со луѓе е дел од Министерството, како и мобилните тимови кои активни работат на спречување, заштита и помош на жртвите на трговија со луѓе.

Претставниците од НВООтворена порта“, кој управува со Државниот центар за жртви на трговија со луѓе и родово-засновано насилство ја претставија и перспективата на жртвите со цел да учесниците се сензибилизираат за траумите и за помошта која жртвите на трговија со луѓе мора да ја добијат за да бидат реинтегрирани во општеството.

На учесниците исто така им беше поделен и Џебниот водич, (достапен на https://rm.coe.int/dzeben-vodic-trgovija-so-lugje-/1680a22607) практична алатка за трудови инспектори, кој освен индикатори, содржи и постапки и контакти од институциите што треба да бидат информирани за потенцијалните жртви на трговија со луѓе.

Учесниците се вклучија во жива дискусија поврзана со улогата на трудовите инспектори при идентификување на потенцијалните жртви на трговија со луѓе и потребата од меѓу-институционална соработка со полицијата, социјалните работници, НВО секторот и кривичното гонење.

Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ се спроведува во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“.

Охрид 31 март 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page