Европскиот ден на правдата се прославува секоја година околу 25 октомври. Целта е правдата да се доближи поблиску до граѓаните и граѓанките, тие да се информираат за нивните права и да се промовира работата на Европската унија и на Советот на Европа на полето на пристап до правдата.
Од 2020 година, Европскиот ден на правдата се одбележува во Северна Македонија со отворени настани и останати активности кои се спроведуваат како дел од иницијативата за бесплатна правна помош (БПП) организирана со поддршка на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција‟.
Оваа година, Европскиот ден на правдата ќе биде одбележан со организирање на натпревар во фотографии и цртежи "Да ја доближиме правдата поблиску до граѓаните и граѓанките".
Ги повикуваме граѓаните/граѓанките од сите региони на Северна Македонија, да земат учество во овој натпревар чијашто цел е да се подигне свеста за важноста на пристапот до правдата за сите, без дискриминација, во согласност со европските стандарди.
