Back Започнување на ХЕЛП онлајн курс за слобода на изразување за судии/јки и обвинители/ки од Северна Македонија

Започнување на ХЕЛП онлајн курс за слобода на изразување за судии/јки и обвинители/ки од Северна Македонија

Денес во Скопје започна првиот ХЕЛП онлајн курс за слобода на изразување за правните професионалци/ки за 40 судии/јки, обвинители/ки и адвокати/ки, кои ќе бидат обучени за различните аспекти на слободата на изразување. ХЕЛП курсто ќе го водат експертки на Советот на Европа до Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Северна Македонија соодветно.

Курсот беше првично креиран во 2016 година, а беше ажуриран во 2020 година во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility II”. Со цел да правните професионалци/ки во Северна Македонија да ги прошират нивните знаења во делот на слободата на изразување, ХЕЛП онлајн курсот беше преведен и прилагоден на локален контекст во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“.

Во текот на настанот учесниците/чките ги добија потребните информации за техничките аспекти на онлајн обуката за слобода на изразување преку ХЕЛП платформата. Овој курс за слобода на изразување е креиран како помошна алатка за релевантните професионалци/ки кои преку него може да добијат јасен преглед на европските стандарди за слободата на изразување, како и за домашната судска пракса. Со тоа ќе се придонесе кон поуспешна и јасна примена на членот 10 од Европската конвенција за човекови права во нивната секојдневна работа.

Поради досегашната успешна соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, како и Адвокатската комора на Северна Македонија, ХЕЛП курсевите се дел од редовните програми за едукација на правни професионалци/ки. Со ова целиме кон оджливост на процесот на градење капацитети. Конкретно, проектот ЈУФРЕКС придонесува кон осврнувањето на клучните предизвици во процесот на обезбедување подобра заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Според г-а Лејла Дервишагич, Раководителка на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, интервенциите на проектот ЈУФРЕКС во Северна Македонија и постојаните програми за обуки што ги нуди се многу важни, посебно кога ќе се земе предвид брзиот развој на судската пракса на Евроскиот суд за човекови права. Во таа насока ЈУФРЕКС ги поддржува правните професионалци/ки кон поефективна примена на судската пракса на Судот, како и европските стандарди во полето.

Овој настан беше организиран во рамките на заедничкат програма на Европската Унија/Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС)“, а во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Северна Македонија.

Скопје 29 септември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page