Back Партнерите и корисниците на проектот ЈУФРЕКС во Северна Македонија дискутираа за резултатите и идните активности за подобрување на слободата на изразување и слободата на медиумите

Партнерите и корисниците на проектот ЈУФРЕКС во Северна Македонија дискутираа за резултатите и идните активности за подобрување на слободата на изразување и слободата на медиумите

Управниот одбор на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ го оддржа својот трет (хибриден) состанок на кој се разговараше за постигнатите резултати и се дискутираше за активностите кои следат со сите вклучени партнери и корисници. На состанокот, организиран во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II, учествуваа клучни претставници/чки од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, Делегацијата на ЕУ во Скопје и претставници/чки на сите клучни партнерски институции во рамки на заедничкиот проект на ЕУ / Советот на Европа „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ (ЈУФРЕКС).

Лејла Дервишагиќ, Раководителка на оперативно работење на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, го отвори состанокот истакнувајќи ја важноста на работата на овој проект кон Европските стандарди во делот на слободата на изразување. Таа ја изрази поддршката за проектниот тим и посветеноста на Советот на Европа за активностите кои следат и за да им се одговори на потребите на корисниците и партнерите.

Александра Богдановска, Постара раководителка на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС), накратко ги презентираше имплементираните активности и активностите кои следат до крајот на овој проект. Таа исто така ја истакна важноста на соработката на проектот со сите партнери и корисници во насока на успешна имплементација на активностите и остварување на планираните цели.

Партнер(к)ите во рамките на секоја компонента од проектот, т.е. претставниците/чките од Академијата за судии и јавни обвинители, Адвокатската комора, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и претставниците/чките од граѓанскиот сектор – Здружението на новинарите на Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, говореа за завршените активности изминатата година и влијанието на континуираната соработка со проектот ЈУФРЕКС.

На овој состанок уште еднаш се потврди дека ЈУФРЕКС и во иднина останува посветен на потребите и барањата на партнерите во делот на слободата на изразувањето како едно од клучните човекови права во демократското општество.

Проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“.

Скопје 10 мај 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page