На 5 април 2019 година, во Сараево, се одржа завршната конференција на Заедничката Програма на Европската Унија и Советот на Европа „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“.
„Оваа година Советот на Европа ја одбележува 70 годишнината од својата работа која е базирана на три столбови: човекови права, владеење на правото и демократија. Овие се вредности кои сеуште треба да ги промовираме и браниме“. Со овие зборови, Драхослав Стефанек, Шеф на канцеларијата на Советот на Европа во Сараево, го отвори настанот.
Никола Бизел, Шеф на операции I – Управување, во Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина, укажа дека здрава медиумска средина е од есенцијално значење за демократијата во секое општество. Тој го додаде и следното: „Тоа е исто така фундаментално и за ЕУ и нејзината политика за проширување, а е и предмет на многу програми за помош на Европската Унија во Западниот Балкан“.
Силвиа Грундман, Шеф на Одделот од областа на медиумите и интернет, Сектор за информациско општество, Генерален директорат за човекови права и владеење на правото, Совет на Европа, Стразбур, потенцираше дека: „Улогата на JUFREX беше да овозможи дијалог и да ја зајакне експертизата на правните професионалци, како и сите други чинители во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите. Кога се работи во полето на слободата на изразување, од витално значење е да се инволвираат сите чинители на сцената, и JUFREX тоа го стори“.
Повеќе од 150 претставници од правосудството, правни професионалци, медиумски регулаторни тела, новинари, граѓански организации од областа на медиумите и други чинители од регионот на Западен Балкан, кои беа активни партнери во имплементацијата на проектот, учествуваа на настанот. За време на последните 3 години, беа имплементирани скоро 250 активности, допирајќи до повеќе од 4000 корисници. Повеќе од 2000 судии, обвинители и адвокати беа обучени додека повеќе од 1500 медиумски работници присуствуваа на настаните на JUFREX.
Успешните резултати од проектот покажуваат дека Академиите за судии и обвинители ги усвоија наставните планови за слободата на изразување и интегрираа редовни обуки на темата на ниво на почетна и континуирана едукација, употребувајќи го метријалот за обука креиран во рамки на JUFREX како и користејќи предавачи од кругот на JUFREX сертифицирани обучувачи.
Понатаму, во 2017 и 2018 година, националните судови донесоа многу пресуди од областа на слободата на изразување, експлицитно повикувајќи се на судската практика на ЕСЧП и применувајќи го начинот на образложување на судските одлуки. Поранешен судија во ЕСЧП за Северна Македонија рече: „JUFREX донесе вистинска промена во правосудството во поглед на однесувањето, разбирањето и ставот кон случаи поврзани со слободата на изразување.
Во поглед на поддршката на медиумските регулаторни тела за електронски медиуми, регионалните активности ја даваа насоката за активности на национално ниво, фокусирајќи се на зацврстувањето на капацитетите како и ефикасноста на регулаторните тела во поглед на теми како говор на омраза, заштите на малолетни лица и медиумска писменост.
Соработката со медимските работници вклучуваше обуки за новинари за европските стандарди од областа на слободата на изразување како и интер-професионални семинари кои собираа новинари и медиумски работници, како и претставници на правосудството и медиумски регулаторни тела. Овие активности беа организирани со цел да се зајакне дијалогот и разбирањето помеѓу сите релевантни чинители во областа на слободата на изразување, да се дискутира за права и одговорности и како да се известува за судски постапки и да се подготвуваат информации од јавен интерес на граѓаните, со висок квалитет.
На крајот на Конференцијата беше заклучено дека гарантирањето на правото на слобода на изразување и безбедност на новинари, сеуште претставуваат главни предизвици низ цела Европа. Во многу земји, новинарите и други медиумски работници се судираат со разни закани како цензура, политички и економски притисоци, заплашување, несигурност на работното место, прекумерна употреба на законот за клевета, но и физички напади. Понатаму, новите медиуми и интернетот донесоа многу придобивки но исто така и нови предизвици како и потребата да се постават стандарди во оваа област. Преставниците на Европската Унија и на Советот на Европа ја потврдија својата определба и посветеност кон понатамошна промоција и поддршка на инцијативи од областа на слободата на изразување во Западниот Балкан и го соопштија продолжувањето на JUFREX во рамки на Horizontal Facility II, што ќе биде имплементиран во целиот регион, по јуни 2019 година.
