Back Horizontal Facility ги поддржува реформите во Западен Балкан и Турција

Horizontal Facility ги поддржува реформите во Западен Балкан и Турција

Европската унија и Советот на Европа ja прошируваат заедничкaта програма Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција за да помогнат во зајакнувањето на владеењето на правото, борбата против корупцијата и против дискриминацијата, како и слободата на медиумите во Западен Балкан и Турција.

Втората фаза од програмата (вредна околу 41 милион евра од 2019 до 2022 година) ќе биде лансирана на регионален настан во Скопје на 9 октомври 2019 година. Оваа фаза продолжува да ги гради резултатите од првата фаза и ги проширува тематските области на нови теми клучни за регионот - слобода на изразување и медиуми.

Втората фаза од програмата ќе покрие активностите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово *, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и Турција и регионалната димензија на програмата ќе биде зајакнета. Механизмот за координација на експертизата кој обезбедува законодавна експертиза и совети за политики во рамките на системот на Советот на Европа ќе остане важен дел од програмата достапна за сите корисници.

Соработувајќи тесно со властите и другите засегнати страни, програмата ќе помогне да се донесат промени во законите и практиките преку ревизија на законодавството, подобрување на ефикасноста на правниот систем на сите корисници, курсеви за обука за професионалци и споделување на информации, искуства и најдобри практики.

Првата фаза од програмата вклучуваше различни кориснички специфични и регионални иницијативи и траеше од 2016 до 2019 година. Во текот на овој период, оваа заедничка програма даде резултати кои се важни за граѓаните на Западен Балкан, како што се подобрени затворски системи и подобри права на затвореници, потолерантни училишни средини и поефикасни антикорупциски закони и мерки. Horizontal Facility придонесе да се направат правните системи поефикасни за граѓаните и да се зголеми хармонизацијата на пресудите врз основа на европските стандарди. Во однос на антидискриминацијата, програмата има за цел луѓето кои се од ранливи групи да не бидат исклучени врз основа на идентитетот, но да имаат исти можности.

Резултати од Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2016-2019

 

* Ова назначување не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244 на ОБСЕ и мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

25 јули 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page