Пристапот до правдата за ромската заедница претставува важен приоритет во напорите за гарантирање на почитувањето на човековите права и основните вредности. Комитетот на министри даде важна препорака (CM/Rec(2017)10) за државите-членки, за да ги преземат сите неопходни чекори за олеснување на еднаков пристап до правдата за Роми и за патници, а поконкретно за ситуацијата со жени и девојчиња, со млади лица, со лица со попреченост и со ранливи групи.
Со цел да го олесни овој процес, Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, во рамките на заедничките програми на Европската унија / Советот на Европа: "Добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво " - РОМАКТЕД (втора фаза) и “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција ” и проектот во рамките на истата "Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија” организираа информативна сесија за бесплатна правна помош. Сесијата опфати важни аспекти кои ќе им помогнат на Ромите да решат одредени статутарни прашања, како на пример: домување, права од социјалната заштита, прашања поврзани со вработување, семејни прашања, родово-базирано насилство, легализација, образование, итн.
Учесници на оваа активност за градење на капацитет беа Локалните акциски групи на заедницата во рамки на програмата РОМАКТЕД, фацилитаторите како дел од структурата на РОМАКТЕД како и други локални ромски структури во рамките на проектите спроведувани од Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико.
Целта на оваа заедничка активност е да се зајакнат капацитетите на локалните структури во процесот на информирање и на давање на бесплатна правна помош за потребите на ромската заедница како и за давање на директни информации на ромската заедница на локално ниво, за тоа како да го искористат нивното право на бесплатна правна помош.
