Back Медицински и затворски персонал обучен за спроведување на првата Стратегија за спречување на самоубиства во Северна Македонија

Медицински и затворски персонал обучен за спроведување на првата Стратегија за спречување на самоубиства во Северна Македонија

Седумнаесет лекари и медицински сестри, како и 12 затворски службеници од институциите низ цела Северна Македонија беа обучени за спроведување на Стратегијата за спречување на самоубиства. Хибридниот настан кој се одржа на 22-23 јуни во Скопје следи по изработената Стратегија во рамките на проектот, што е прв таков документ изработен за пенитенцијарните институции.

Обуката која следи по наведената Стратегија се фокусираше на идентификување на факторите на ризик, основање на тимовите за спречување и спроведување на стандардните оперативни процедури и акцискиот план, сè со цел да се адресира проблемот на самоубиства и самоповредувањe во пенитенцијарните институции.

Медицинскиот и затворскиот персонал учествуваа и во дискусијата со меѓународните консултанти, покривајќи ги конкретните прашања за спроведување на Стратегијата, како и функционирањето на тимовите за спречување самоубиства на централно ниво и во казнено-поправните установи.

Оваа активност беше организирана во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија”, кофинансиран од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022” и имплементиран од страна на Советот на Европа.

Скопје 22 - 23 јуни 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page