Советот на Европа, во соработка со националните партнери и со поддршка од Сојузна Република Германија, го одржа Петтиот состанок на Советодавниот одбор на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, во просториите на Програмската канцеларија во Скопје.
Состанокот ги собра претставниците на институционалните партнери и корисниците на проектот, со цел да се направи преглед на досегашните резултати, да се разменат ставови за тековните активности и да се усогласат идните чекори за завршната фаза на проектот.
Во воведнoto обраќања од претставникот на Министерството за образование и наука, беше потенцирана важноста од координиран и одржлив пристап кон обезбедување на квалитетно образование, кое ќе биде инклузивно, демократско и во согласност со европските вредности и стандарди.
Учесниците беа запознаени со напредокот остварен во периодот од октомври 2024 до мај 2025 година, меѓу кои се издвојуваат успешната реализација на два национални модули за обука, менторските посети во сите 25 пилот-училишта, активностите за градење капацитети и подготовките за завршната работилница со училиштата.
Разговорите беа насочени кон зајакнување на сопственоста врз резултатите од проектот, понатамошен развој на демократска училишна култура и поддршка на училиштата во создавање инклузивна и партиципативна средина за учење. Исто така, беа претставени претстојните активности, како што се летните академии, воспоставувањето национална мрежа на училишта, тркалезната маса за поддршка на имплементацијата на пресудата на Европскиот суд за човекови права за предметот Елмазова, како и содржините за обука за онлајн ресурсната платформа за наставници.
Состанокот уште еднаш ја потврди заедничката заложба на сите партнери за унапредување на демократските компетенции и инклузивните вредности во образованието, како и поддршката за спроведување на Националната стратегија за образование.
Проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“ се имплементира од страна на Советот на Европа и е финансиран од Владата на Сојузна Република Германија.


