Back Промовиран Надворешниот механизам за контрола во полицијата и затворите во Северна Македонија

Промовиран Надворешниот механизам за контрола во полицијата и затворите во Северна Македонија

Полициските станици и казнено-поправните установи во Северна Македонија ја поддржуваат иницијативата за подигнување на свеста на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа - Horizontal Facility II за зајакнување на заштитата на основните човекови права во полициските станици и затворите.

Со цел да ја информираме целната публика за употребата и важноста на улогата на Надворешниот механизам за контрола во обезбедувањето заштита на основните права, низ сите полициски и казнено-поправни центри беа поставени постери и брошури. Основан со поддршка од Европската Унија и Советот на Европа во 2008 година, Надворешниот механизам за контрола ги поддржува и штити жртвите чии човекови права се повредени од страна на лицата со полициски овластувања или припадниците на затворската полиција, обезбедувајќи спроведување на ефикасна истрага за сите наоди.

Материјалите се печатени на македонски, албански и ромски јазик, со цел постигнување на поширок опфат. Тие ја информираат пошироката јавност, лицата во полициско задржување и затворската популација за нивните права загарантирани со закон, мандатот и надлежностите на Надворешниот механизам за контрола, како и постапката што треба да се следи од страна на жртвите на постапувањето од страна на лицата со полициски овластувања или припадниците на затворската полиција.

Вкупно, 220 еднојазични постери беа дистрибуирани на македонски, албански и ромски јазик, заедно со 3.000 тројазични брошури. Оваа иницијатива беше организирана во рамките на проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем и на надворешниот механизам за контрола на полицијата во Северна Македонија“, кофинансиран од Европската унија и Советот на Европа во рамките на „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и спроведен од страна на Советот на Европа.

 

Преземете ги и споделете ги нашите материјали:

Постери:

 Poster on External Oversight Mechanism in Prisons – македонски

 Poster on External Oversight Mechanism in Prisons – албански

 Poster on External Oversight Mechanism in Prisons – ромски

 

 Poster on External Oversight Mechanism in Police Stations – македонски

 Poster on External Oversight Mechanism in Police Stations – албански

 Poster on External Oversight Mechanism in Police Stations – ромски

 

 Flyer on External Oversight Mechanism in Prisons – тројазичен

 Flyer on External Oversight Mechanism in Police Station – тројазичен

Скопје 3 март 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page