Back

Експертска проценка и препораки за давањето правна помош во кривични постапки во Северна Македонија

Скопје 15 септември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page
  • Imprimer en PDF
Експертска проценка и препораки за давањето правна помош во кривични постапки во Северна Македонија

Идентификувањето на недостатоците во давањето на правна помош во кривични постапки во Северна Македонија беше во фокусот на Извештајот од истражувањето направено во рамките на заедничката програма на ЕУ и на Советот на Европа, Хоризонтален инструмент II.

Документот содржи основни концепти, експертски насоки и проценка на правната помош во кривичните постапки во Северна Македонија, со препораки за активности што би следувале подоцна за зајакнување на пристапот до правдата во кривичните постапки. (ENGLISH & MACEDONIAN)

Документот беше подготвен врз основа на податоци собрани по тридневната проценка направена со интервјуа на далечина со релевантни соработници, спроведени од страна на авторите (консултанти на Советот на Европа), г-дин Виктор Захариа и г-а Бојана Неткова.

Во документот се опишува моменталната состојба во Северна Македонија (механизмите што се користат, главните чинители во процесот, улогите, интеракциите, ефективноста), постојните недостатоци и предизвици, како и можните решенија и пристапи за подобрување на координацијата и на ефективноста на давањето правна помош во кривичните постапки со упатување на меѓународни практики и искуства.

Проценката опфаќа правна помош во кривичните постапки (истраги, судски рочишта, и жалбена постапка), осврнувајќи се на категориите лица кои можат да добијат правна помош (задолжителна одбрана, сиромашни лица, жртви на кривични дела), механизмите за назначување бранител, даватели на услуги и механизми за осигурување на квалитетот, раководење и финансирање на системот. Вклучува и анализа на релевантното законодавство, нацрт-законите, добрите трендови, утврдување на недостатоците и предизвиците, формулирање на препораки базирани на стандардите и на најдобрите практики на Советот на Европа во оваа област како и идентификување потенцијалните стратегии за адресирање на проблемите.

Документот е јавно достапен за сите, а е споделен и со клучните засегнати страни и локалните корисници на проектот. Ќе служи како основа за следните чекори – тркалезна маса за споделување на најдобрите практики и формирање на работни групи кои ќе работат на отстранување на недостатоците во давањето на правна помош во кривични постапки кои беа идентификувани во документот.

Оваа експертска проценка беше направена во рамките на проектот "Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија" кој е дел од програмата ‚‚Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.