Back Изготвување на Стратегијата за обука на пенитенцијарниот персонал во Северна Македонија

Изготвување на Стратегијата за обука на пенитенцијарниот персонал во Северна Македонија

Работна група составена од искусен персонал на Управата за извршување на санкции (УИС), како и претставници на неколку затвори, се состанаа во Центарот за обука на УИС во Скопје, каде дискутираа за првата нацрт верзија на Стратегијата за обука на затворскиот персонал, како и сродните наставни програми. Тимот вработени ја подготвија првичната верзија на овие документи, поставувајќи ја основата за оваа сесија.

ЕУ и Советот на Европа го поддржуваат процесот на изготвување на Стратегија за обука, преку обезбедување експертиза и знаење на ова поле. Со помошта на еден меѓународен консултант, работната група ги унапреди тековните верзии на Стратегијата за обука, наставните програми, модулите, како и годишниот план за обуки. Овие документи ја поставуваат основата за редовна почетна и континуирана обука, со цел воведување на структурирани обуки во пенитенцијарниот систем, како и зголемување на општиот квалитет во работата на затворскиот персонал. Дополнително, се разговараше и за специфичните потреби кои би го олесниле спроведувањето на овие документи, како што е базата на податоци на експерти, трансферот на знаење, оценувањето на потребите за обука, итн.

Воведувањето на редовна и постојана едукација на пенитенцијарниот персонал е една од целите предвидени со Националната стратегија за развој на пенитенцијарниот систем на Република Северна Македонија (2021-25), која беше изготвена со поддршка од Хоризонталниот инструмент.

Оваа сесија беше организирана во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа  Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција – Фаза III, односно проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија”.

Скопје, Северна Македонија 29 - 30 март 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page