Back Во Северна Македонија започна курс за обучувачи за Бесплатна правна помош за вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда

Во Северна Македонија започна курс за обучувачи за Бесплатна правна помош за вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда

Во Северна Македонија започна обука за обучувачи (ОО) за Бесплатна правна помош (БПП) за вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда, со поддршка на заедничката програма на ЕУ и на Советот на Европа, Horizontal Facility II. Во соработка со Министерството за правда на Северна Македонија, обуката на обучувачи за Законот за Бесплатна правна помош ќе се спроведува онлајн (со користење на разни методологии за онлајн учење) во следните два месеци за 16 вработени во подрачните одделенија на Министерството за правда.

Г-а Лејла Дервишагич, оперативната директорка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, ја нагласи важноста на пристапот до правдата за граѓаните/граѓанките, потенцирајќи ја улогата на Советот на Европа и на Програмската канцеларија во Скопје во осигурувањето на еднаков пристап до правдата за сите и се заблагодари на Министерството за правда за одличната соработка.

Г-а Рита Мараскалки, координаторот на проектот од Совет на Европа ја нагласи важноста на улогата на идните обучувачи за Министерството за правда, како и општо за системот на правна помош во Северна Македонија како двигатели на промени кои ќе водат кон подобро спроведување на Законот за Бесплатна правна помош и заштита на правата на граѓаните. Таа, исто така, ги информираше учесниците за проектот и за оваа иницијатива.

Г-дин Петар Миркович, државен советник во Министерството за правда, нагласи дека оваа обука ќе го зајакне професионализмот кај вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда, кога ќе работат на барањата за бесплатна правна помош а исто така, ќе го зајакне интерниот круг на обучувачи во Министерството за правда, креиран во првата фаза од проектот, потенцирајќи ја суштинската улога што ја имаат вработените од подрачните одделенија во системот за БПП.

Настанот понатаму продолжи со презентација од туторите Г-а Мариа Маринова Алкалај, Г-а Маја Атанасова и г-дин Гоце Коцевски, кои им ги опишаа форматот на курсот, структурата и содржината на учесниците (вработените во подрачните одделенија кои се пријавија за курсот).

Настанот за отпочнување на курсевите за обука на обучувачи беше организиран од проектот Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија кој е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа, “Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција".

Скопје 17 мај 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page