Заедничкиот проектот на Европската Унија и Советот на Европа, „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ организираше обука за дваесет и двајца претставници од центрите за поддршка на децата без родителска грижа и центрите за социјална работа, со учество на чинителите и невладини организации од областа на борбата против трговијата со луѓе, со цел да се пренесе знаење и да се поттикне нивна меѓусебна соработка кога работат со децата – жртви на трговија со луѓе. Учесниците ги дискутира најсоодветните начини за комуникација со деца кои поминале низ траума и обезбедување на специјализирана нега за нив.
„Вашата работа е пионерска, и морате да го споделувате вашето знаењето од областа на заштита на деца-жртви на трговија со луѓе, и нашироко да ги информирате за вашата работа“ рече Даја Венке, меѓународна експертка за заштита на правата на децата. Таа ги претстави добрите практики на заштита и промовирање на благосостојбата на децата од контекст на миграција и трговија со луѓе.
„Доколку потребите на децата се исполнети, децата можат да ја изградат својата самодоверба и да се чувствуваат побезбедни. Инаку, децата се соочуваат со потешкотии кои негативно влијаат на нивната состојба на духот и развој“ рече Зорица Серафимовска-Арсовска, психолог која работи за СОС Детско Село. Таа зборуваше за траумата и градењето на односи засновани на доверба меѓу детето и згрижувачот, како и за начините на кои може да му се помогне на детето да ја зајакне својата самодоверба и чувство на сигурност
Учесниците се осврнаа на прашања поврзани со работните процедури за заштита на децата и избегнување на повторно трауматизирање. Тие дискутираа за специфичностите околу ресоцијализацијата и реинтеграцијата на децата. Заедничката поддршка меѓу давателите на услуги за згрижување на децата беше истакната како важен аспект од нивната работа.
Проектот „Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II 2019 – 2022“, која има за цел да им помогне на земјите-кориснички од Југоисточна Европа исполнување на стандардите на Советот на Европа и правото на Европската Унија во рамки на процесот за проширување, онаму каде тоа е релевантно.
