Back Објавен повик за грантови за поддршка на активности за борба против говор на омраза

Објавен повик за грантови за поддршка на активности за борба против говор на омраза

Во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција “ и проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“, Советот на Европа објавува повик за грантови „Поддршка за локални самоуправи и/или граѓански организации за борба против говор на омраза“.

Повикот има за цел да ги поддржи избраните грантисти во развивање конкретни активности за борба против говор на омраза и дискриминација, како и одговори на постоечкиот говор на омраза. Предност ќе им биде дадена на предлози кои покажуваат силна соработка и партнерство помеѓу граѓански организации и локални самоуправи.

Рокот за поднесување на апликации е 15 мај 2025 (23:59 часот).

Апликациите треба да се поднесат на англиски јазик на електронската адреса:
[email protected]

Во прилог потребните документи за аплицирање:

 Call for proposals

 Application form

 Grant agreement template (for information only)

  Guidelines for using grant agreement budget templates

  Budget template

 

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје и проектот „Борба против омразата и нетолеранцијата во Северна Македонија“.

Скопје, Северна Македонија 14 април 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page