Back Учесниците/чките во борбата против трговија со луѓе во Северна Македонија обучени за родовите перспективи при обезбедувањето на заштита на жртвите од трговија со луѓе

Учесниците/чките во борбата против трговија со луѓе во Северна Македонија обучени за родовите перспективи при обезбедувањето на заштита на жртвите од трговија со луѓе

Родово-сензитивни мерки за заштита, програми за ресоцијализација и соодветна имплементација на Законот за заштита од родово-базирано насилство се неопходни за да се обезбеди заштита на жртвите од трговија со луѓе согласно нивните родови потреби. Ова е заклучокот од обуката за родовите перспективи при обезбедувањето на заштита на жртвите од трговија со луѓе во организација на заедничките проекти на Европската Унија и Советот на Европа „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ и „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво (РОМАКТЕД)“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

 

На обуката учествуваа приближно 50 учесници/чки: социјални работници/чки, членови на полициската единица за борба против трговија со луѓе, трудови инспектори/ки, претставници/чки од НВО, фасилитатори на РОМАКТЕД и националниот тим. Тие имаа можност да го зголемат своето знаење за концептот и важноста на родовата перспектива во контекст на трговија со луѓе. Исто така беше истакната и посебната заштита на децата жртви на трговија со луѓе и обезбедувањето заштита врз основа на родовите потреби на жртвите. Врз основа на студии на случај, за време на работата во групи, учесниците/чките можеа да ја препознаат родовата перспектива на жртвите на трговија со луѓе, и да ги препознаат најчестите видови експлоатација за мажи и жени, како и начинот на кој општеството ги гледа жртвите на трговија со луѓе врз основа на родовите стереотипи.

 

Маја Атанасова, од НВО Здружение на млади правници (ЗМП) предупреди на ризиците од родови стереотипи кои креираат очекувања за поединци да постапуваат во согласност со општествено креираните улоги. „Во контекст на трговија со луѓе, родовите стереотипи може да придонесат кон продолжување на експлоатацијат на која жртвата на трговија со луѓе била изложена“ – истакна Атанасова.

 

Стојне Атанасовска Димишковска во НВО Отворена порта/Ла Страда за време на дискусиите истакна дека поради општествено креираните улоги, некои од жртвите на трговија со луѓе не се во можност да препознаат дека се жртви. Таа даде еден пример на трговија на жртви мажи, кои биле предмет на трудова експлоатација, но одбивале помош од страв дека ќе им суди општеството доколку се идентификуваат како жртви.

 

Имаме итна потреба од прифатилиште за мажи жртви на трговија со луѓе, и попространо сместување за жени жртви на трговија со луѓе, бидејќи Центарот за жртви на трговија со луѓе и родово-базирано насилство може да смести само 5 жртви на трговија со луѓе“ – повтори Димишковска.

 

Учесниците/чките понатаму дискутираа за предизвиците на ефективна ресоцијализација, дефинирајќи ги најдобриот интерес на детето, пристапот до медицинска помош и бесплатна правна помош како клучни алатки за постигнување ефективна ресоцијализација. На состанокот учесниците/чките истакнаа дека индивидуалниот пристап базиран на род и возраст мора да се применува при давањето помош и обезбедувањето заштита на жртвите на трговија со луѓе.

 

Оваа обука беше во организација на заедничките програми на Европската Унија/Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и РОМАКТЕД.

Скопје 28 септември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page