Back 50 вработени во Подрачните одделенија на Министерството за правда и на Министерството за труд и социјална политика (Центрите за социјална работа) ги подобрија своите вештини за работа со случаи на домашно и на родово-базирано насилство

50 вработени во Подрачните одделенија на Министерството за правда и на Министерството за труд и социјална политика (Центрите за социјална работа) ги подобрија своите вештини за работа со случаи на домашно и на родово-базирано насилство

Се одржа дводневна обука за пристап до правдата во случаи на домашно и родово - базирано насилство за вработените во подрачните одделенија на Министерството за правда и на Центрите за социјална работа, организирана заеднички од проектот на ЕУ и Совет на Европа, дел од програмата Хоризонтален инструмент, Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија" којшто го спроведува Програмската канцеларија на СЕ во Скопје и проектот „ Пристап до правда за најмаргинализираните “ којшто го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија,  Станица ПЕТ и ХОПС, финансиски поддржан од Европската Унија. На настанот присуствуваа околу 50 учесници.

Главната цел на обуката беше да се подобрат капацитетите и ефективноста на вработените во подрачните одделенија (ПО) и на центрите за социјална работа (ЦСР)  особено за работење на случаи со домашно и со родово-базирано насилство и да се подобрат координацијата и соработката помеѓу ПО и ЦСР. Обучените обучувачи од Министерството за правда одржаа неколку сесии, на тој начин зајакнувајќи ги нивните капацитети за држење на сесии за обука не само за нивните колеги/колешки од Министерството за правда туку и за колегите/колешките од други министерства. Се одржа посебна сесија за Законот за административна постапка и Законот за административни спорови коишто се од суштинска важност за нивната секојдневна работа на случаи.

Целта на проектот "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) 2019-2022 " е да се зајакнат капацитетите на клучните актери во Северна Македонија во нивните напори да се зајакне ефикасноста, квалитетот, пристапноста и свеста за бесплатната правна помош. Оваа иницијатива е дел од заедничката програма на Европска унија/Совет на Европа “Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey 2019-2022” којашто се спроведува во тесна соработка со Министерството за правда на Република Северна Македонија.


 

Струмица 28 - 29 ноември 2023
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page