Back “Заштитете ги децата од трговијата со луѓе!”: Европски ден за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија

“Заштитете ги децата од трговијата со луѓе!”: Европски ден за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија

Било кое дете може да стане жртва на трговијата со луѓе. Поради тоа е многу значајно да имаме обучени наставни кадри кои што ќе можат да ги препознаат показателите за трговијата со деца и соодветно и благовремено да реагираат” – изјави Зеќирија Хасипи, Директорот на Бирото за развој на образованието, на настанот за одбележување на Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија.

На панел дискусијата учествуваа 55 учесници од кадрите во образованието, социјални работници и од организациите на граѓанското општество кои делуваат во насока на превенција и борба против трговијата со луѓе. Сања Димитријевиќ, Советник во Бирото го објасни акцискиот план 2021-2025 на оваа институција за организирање на каскадни обуки за трговија со деца во сите основни и средни училишта во Северна Македонија. Со поддршка на заедничкиот проект на Европската Унија и Совет на Европа, Бирото ќе организира 80 каскадни обуки за наставниот кадар, кој потоа ќе ги информира и едуцира децата како да се заштитат од опасностите поврзани со трговијата со деца, со посебен фокус врз опасностите кои демнат од интернет.

Со цел да се поддржи процесот на зголемување на знаењето на наставниот кадар и децата за ризиците и начините за заштита на децата од трговијата со деца, проектот против трговија со деца на ЕУ/СоЕ II во Северна Македонија организираше две обуки на обучувачи за советниците од Бирото и информативни и едукативни материјали за градење капацитети за трговијата со деца на повеќе јазици, кои се достапни на Публикации ТД.

Соња Арсовска од Центарот за социјална работа - Скопје, ги повика кадрите од образованието да пријават сомнителни случаи на трговија со деца во центрите за социјална работа со цел откривање и идентификување на потенцијални деца-жртви на трговијата со деца за благовремено да им се помогне.

Од извонредно значење е да се познаваат процедурите со цел да се реагира на случаите на трговија со деца. Трговијата со деца означува трагичен крај за детството на жртвата, му ја краде иднината на детето”- предупреди Стојне Aтанасовска Димишковска од НВО Отворена порта-Ла Страда.

Помеѓу останатите говорници на панел дискусијата зборуваа Верица Трајкова од НВО “За среќно детство” која беше една од обучувачките на обуките организирани за советниците на Бирото и која е еден од авторите на материјалите за трговија со деца, Kјмент Aмeт од НВО „Лулуди„ и Maртинa Maртиновска од НВО “Maкедонско здружение на млади правници” кои имплементираа јавни кампањи за превенција на трговијата со деца за деца со попреченост, деца од ромската заедница и девојчиња, за кои добија грантови од проектот. Нивните кампањи се достапни на: Трговија со луѓе – MYLA и ИНФОРМИРАЈ СЕ! СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ! – LULUDI.

 

Панел дискусијата за проактивна идентификација и упатување на деца-жртви на трговијата со деца е oрганизирана од проектот “Превенција и борба против трговијата со деца во Северна Македонија",во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа Хоризонтален инструмент на Западен Балкан и Турција 2019-2022, во соработка со Бирото за развој на образованието под слоганот: “Заштитете ги децата од трговијата со луѓе!”.

Скопје 18 Октомври 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page