Back Истражување „Проактивни истраги, ефикасно кривично гонење и пресудување на случаи на трговија со луѓе со фокус на мигрантите“ објавено во Северна Македонија

Истражување „Проактивни истраги, ефикасно кривично гонење и пресудување на случаи на трговија со луѓе со фокус на мигрантите“ објавено во Северна Македонија

Со цел да се одговори на потребата на безбедносните и правните практичари да обезбедат соодветен одговор на ризиците од трговија со луѓе, на кои мигранти би можеле да бидат изложени, проектот на ЕУ и Советот на Европа за борба против трговија со луѓе во Северна Македонија ја разви публикацијата „Проактивни истраги, ефикасно кривично гонење и пресудување на случаи на трговија со луѓе со фокус на мигрантите изложени на ризик од трговија со луѓе“. Тоа е практична алатка во рацете на професионалците кои работат во конкретната област, за тоа како проактивно да истражуваат и идентификуваат жртви на трговија со луѓе, да собираат докази и да подигаат обвиненија против трговците со луѓе, согласно европските стандарди и најдобри практики. Истражувањето дополнително ја појаснува процесната заштита во текот на кривичната постапка, на која имаат право жртвите на трговија со луѓе. Посебно поглавје е посветено на судската пракса на Европскиот суд за човекови права во врска со државните обврски за истрага и гонење на случаи на трговија со луѓе, како и заштита на жртвите на трговија со луѓе меѓу мигрантите.

Публикацијата ги дава перспективите на полициските истражители, обвинителите, судиите и правните застапници на жртвата. Ги објаснува важечките процедури, чекор-по-чекор, на начин кој е пристапен за професионалците одговорни за спречување и борба против трговијата со луѓе.

Публикацијата е нарачана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

 

ПРЕЗЕМЕТЕ

Скопје, Северна Македонија 12 ноември 2024
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page