Back ‘Медиуми и избори’: Онлајн конференција со регулаторното тело за медиуми на Северна Македонија

‘Медиуми и избори’: Онлајн конференција со регулаторното тело за медиуми на Северна Македонија

Со наближувањето на локалните избори во Северна Македонија, заедничкиот проект на Европската Унија/Советот на Европа, Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија во поддршка на регулаторното тело за медиуми, организираше онлајн конференција која се фокусираше на две многу важни теми кога станува збор за медиумите и изборите: (1) дезинформациите и (2) пристапот до информации за лица со сензорни (и други) попречености.

На онлајн конференцијата учествуваа претставници/чки од полето кои активно учествуваа во дискуссите на двете панел сесии соодветно фокусирани на дезинформациите и нивното влијание на изборните резултати и на известувањето за изборниот процес за лица со сензорни попречености. Двете меѓународни експертки од Советот на Европа, како и локалните експерти/ки, се обратија на панел сесиите и придонесоа кон размена на знаења и искуства од земјите на ЕУ на наведените теми.

Истражувањата кажуваат дека пласирањето дезинформации во текот на изборниот процес не само што му штети на угледот на индивидуите илли политичките партии на кои цели, туку ги поткопува самите демократски избори. Така, дезинформациите може негативно да влијаат на мислењето на гласачите, да доведат до зголемена поларизација, да го деградираат квалитетот на политичката дебата, да го поттиснат учеството на гласачите и да поттикнат омраза или насилство кон политичките партии. Во текот на првата панел сесија, учесниците/чките заклучија дека зајакнување на медиумската писменост на популацијата е неопходно и е најмоќното оружје против дезинформациите.

На втората панел сесија се дискутираше за идеалната наспроти реалната сојстојба на изборниот процес и пристапот на лица со попреченост до севкупниот процес. Во таа насока, лицата со попреченост треба да ги уживаат истите права да учествуваат во политиката како сите други граѓани, и тие самите треба да бидат вклучени во процесот на креирање политики кои се во насока на нивно уживање на правата. Со вклучување на лицата со попреченост во политиката ќе се подигне свеста за темата, беше една од предложените активности кои треба да се преземат во насока на подобрување на пристапот на лица со попреченост до медиумите.

Онлајн конференцијата беше организирана во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022, и проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија.

Скопје 30 септември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page