Back Поглед кон минатото и иднината во борбата против дискриминација и говор на омраза: корисниците, партнерите и Амбасадорите против говор на омраза се собраа во Скопје

Поглед кон минатото и иднината во борбата против дискриминација и говор на омраза: корисниците, партнерите и Амбасадорите против говор на омраза се собраа во Скопје

Завршната конференција „Поглед кон минатото и иднината“, и шестиот состанок на Управниот одбор на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Промоција на разноликоста и еднаквоста во Северна Македонија“ се одржа во Скопје, собирајќи на едно место чинители, корисници, партнери и Амбасадори против говор нa омраза за да дискутираат за резултатите и постигнувањата на проектот во периодот од 2019 годинакако и за главните активности на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“. Ова беше и можност на нашите Амбасадори против говор на омраза, Младите европски амбасадори и партнерите да им врачиме благодарници за нивната активна поддршка на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов.“

Настанот го отвори Лејла Дервишагиќ, оперативна раководителка на Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје која ги поздрави присутните и ја потенцираше важноста на соработката и програмата Horizontal Facility како инструмент за поттикнување на соработката и дијалогот помеѓу различните институции и организации.

Торстен Афлербах, раководител на Одделот за инклузија и антидискриминација при Советот на Европа, даде кус осврт на главните резултати и поддршката која проектот ја дава за усогласување со стандардите на Советот на Европа. Снежана Колеќеска, програмска менаџерка од Делегацијата на ЕУ во Скопје додаде дека активностите и резултатите од програмата, како и активностите во следната фаза ќе бидат многу важни во процесот на пристапните преговори помеѓу Северна Македонија и ЕУ.

Весна Бендевска од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација елаборираше и за соработката со проектот, но и резултатите што Комисијата ги има постигнато од нејзиното основање, а Давид Тасевски од Субверзивен фронт зборуваше и за ЛГБТИ линијата за советување и нивната работа во во врска со мониторингот на говор на омраза.

Огнен Јанески, зборуваше за своето искуство како Амбасадор против говор на омраза и ги посочи главните предизвици во борбата против говорот на омраза и важноста од продолжување на работата во оваа област. Младите европски амбасадори, Мила Младенова, Рената Пенчова и Дамјан Златановски, исто така, дадоа свој придонес во дискусијата особено во однос на борбата против говорот на омраза и посочија дека младите се клучни партнери во овој процес.

Настанот беше можност и за претставување „Прирачникот за антидискриминација“. Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, како една од експертките кои работеа на документот, ги презентираше главните аспекти и цели на прирачникот кој беше објавен и споделен со учесниците, а е достапен и онлајн.

Претставниците од различни институции и граѓански организации разговараа како да се подобрат активностите и што може да се преземе за борбата против дискриминацијата и говорот на омраза да биде уште поструктурирана и поефективна. Учесниците се согласија дека соработката ќе биде посилна и ќе продолжи во следната фаза.

Проектот „Промоција на различноста и еднаквоста во Северна Македонија“ е дел од „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ година, која е заедничка иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, спроведена од Совет на Европа, која има за цел да ги поддржи партнерите во Западен Балкан и Турција при процесот на прилагодување на стандардите на Совет на Европа и правната регулатива на Европската Унија во рамките на процесот на проширување, онаму каде што е релевантно.

Скопје 15 декември 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page