Back „Водич за член 10“ – преведен на македонски јазик како алатка за помош на правните професионалци/ки при примена на европските стандарди за слобода на изразување

shutterstock

shutterstock

Преку иницијативата на Европската Унија и Советот на Европа, заедничката програма Horizontal Facility во Северна Македонија односно проектот ЈУФРЕКС, „Водичот за член 10“ од Европската конвенција за човекови права е сега достапен на македонски јазик за правните професионалци/ки и сите останати заинтересирани за темата. Овој Водич е дел од серијата Водичи низ судската пракса кои се објавени од страна на Европскиот суд за човекови права и има за цел да ги информира правните професионалци/ки за фундаменталните пресуди и одлуки на Судот во периодот од 1957 година до 31 март 2020 година.

Тука читател(к)ите ќе ги најдат клучните принципи од полето на слободата на изразување како и релевантните преседани. Судската пракса која е наведена во овој Водич е селектирана од водечките, големите и/или неодамнежните пресуди и одлуки и дава важни насоки во смисла на заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите. Со овој превод, правните професионалци/ки добиваат уште една корисна алатка во рамките на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, ЈУФРЕКС. „Водичот за член 10“ преведен на македонски јазик дополнително ќе придонесе кон подобрување на примената на европските стандарди во делот на слободата на изразување во Северна Македонија.

Проектот ЈУФРЕКС е дел од „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција II“, заедничка програма на ЕУ и Советот на Европа, имплементирана од Советот на Европа, имплементирана од Советот на Европа, која има за цел да им помогне на корисниците од Западен Балкан и Турција при усогласување со стандардите на Советот на Европа и acquis communautaire на Европската Унија во процесот на нејзино проширување, онаму каде што е тоа применливо.

Скопје 18 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page