Back “Од млади за млади”

Заврши кампањата за подигање на јавната свест за трговијата со деца во Северна Македонија
“Од млади за млади”

На 20 годишнината од нивното постоење, НВО Лулуди ја заврши кампањата за подигање на јавната свест “Информирај се! Секој може да стане жртва на трговија со луѓе” која беше насочена кон девојките Ромки и средношколците во Северна Македонија. На завршната конференција за одбележување на затворањето на кампањата присуствуваа повеќе претставници на НВОи, средни училишта, институции за борба против трговијата со луѓе и амбасади кои ги препознаа резултатите на кампањата и дискутираа за Анализата на перцепцијата на средношколците/ките за трговијата со луѓе вклучително и за препораките за тоа како превенцијата и заштитата на децата од трговијата со луѓе да биде поефикасна.

“Спречувањето и сузбивањето на трговијата со деца подразбира пријавување на секој поединечен ризик од трговија со деца до надлежните институции за борба против трговија со луѓе” – напомена Светлана ВЛАХОВИЌ, Заменик национален координатор за трговија со луѓе. “Нашите заложби нема да бидат залудни и само ако едно дете е спасено од трговците со луѓе”- додаде таа.

Координаторката на кампањата за подигање на јавната свест, младата Инес ЏЕМАИЛ ги информираше учесниците за чекорите за имплементација на кампањата и резултатите. Вкупно 23 работилници со учество на повеќе од 400 средношколци од ромската, македонската и албанската етничка заедница беа спроведени со цел да ги сензибилизираат младите за трговијата со деца, не само како кривично дело, туку и како повреда на човечкото достоинство. Педесет и еден ученик беа вклучени во продукцијата на 5 креативни кратки видеа за подигање на свеста на нивните врсници околу трговијата со деца.

Кампањата за подигање на јавната свест беше спроведена преку социјалните медиуми и националната телевизија на ромски и македонски јазик. Материјалите од оваа кампања се достапни на онлајн платформата на Лулуди за спречување на трговија со деца.

Оваа кампања е дел од напорите да се осигура почитување на препораките поставени во Конвенцијата за акција против трговијата со луѓе на Советот на Европа. Иницијативата беше имплементирана од страна на НВО Лулуди на кои им беше доделен грант во рамките на проектот за “Спречување и сузбивање на трговија со луќе во Северна Македонија”, кој е дел од програмата на Европската Унија и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II”, која има за цел да ги поддржи властите во Југоисточна Европа да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.

Скопје 28 мај 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page