Референтна Рамка На Компетенции За Демократска Култура
Книга 3: Насоки За Имплементација
ISBN: 978-92-871-8573-0
Corporate Author: Council of Europe
Authors:
Publication Date : 2019
Languages: Macedonian
Also available in: Albanian Armenian Azeri English Finnish French Georgian German Greek Romanian Serbian Spanish Ukrainian
Советот на Европа ги промовира и ги штити човековите права, демократијата и владеењето на правото. Овие принципи со години ги претставуваат темелите на европските општества и политички системи. Сепак, тие треба да се одржуваат и да се поттикнуваат и во време на економска и политичка криза. Повеќето луѓе би се согласиле дека демократијата претставува форма на управување од или во име на народот и дека не може да функционира без институции што обезбедуваат редовни, слободни и фер избори, волја на мнозинството и одговорност на владата. Сепак, овие институции не можат да функционираат доколку самите граѓаните не се активни и посветени на демократските вредности и ставови. Образованието тука има централна улога. Оваа Референтна рамка ги поддржува образовните системи во изведувањето на наставата, учењето и оценувањето на компетенциите за демократска култура и обезбедува кохерентен фокус на широкиот опсег на пристапи. Оваа трета книга дава насоки за тоа како моделот на компетенции и соодветните дескриптори, содржани во книгите 1 и 2, може да се користат во шест образовни контексти. Затоа, трите книги заедно им нудат на наставниците рефернтна рамка и алатка за креирање, спроведување и оценување на образовни интервенции во формални и неформални контексти.