Back Средба на апелациските судови за хармонизација на домашната судска пракса

Средба на апелациските судови за хармонизација на домашната судска пракса

На 11 и 12 април 2017 година во Охрид се одржа дводневен настан за хармонизација на домашната судска пракса , поврзано со Европската конвенција за човекови права. Активноста беше спроведена во рамките на проектот за „Зајакнување на капацитетите на судството за заштита на човековите права и борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста” кој е дел од програмата „Horizontal Facility за Западен Балкан и за Турција“.

На средбата присуствуваа претставници од четирите апелациски судови во земјата, вклучувајќи ги претседателите на овие судови и раководителите на граѓанските и на кривичните оддели во овие судови. Исто така, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, „Павел Шатев“, како и заменикот-претседател на судскиот совет, земаа активно учество на оваа средба.

Во фокусот на првиот дел од средбата беше важноста на хармонизирањето на домашната судска пракса, со упатување на добри практики во Советот на Европа во врска со процесот на хармонизација. Понатаму, се направи преглед на најрелевантните одлуки на Европскиот суд за човекови права поврзани со недоследна судска пракса, по што следуваше плодна дискусија меѓу учесниците.

Настанот продолжи со две паралелни сесии за хармонизација на праксата на граѓанските и на кривичните оддели, кои се одвиваа според материјалите кои претходно им беа поделени на четирите апелациски судови а кои се однесуваа на спорни прашања. На крајот на дводневните дискусии учесниците донесоа заклучоци и истите ги презентираа пред целата група. Заклучоците ќе бидат доставени до пониските судови.

Овие заеднички средби за хармонизација на домашната судска пракса треба да се интензивираат и официјално да се уредат така што да се работи директно на прашања поврзани со хармонизацијата, обезбедувајќи дијалог помеѓу судовите од сите инстанци, на државно и на меѓународно (регионално) ниво. Во таа насока, Советот на Европа поддржува судски дијалог за хармонизирање на домашната судска пракса во неговите земји-членки. Овој проект ќе поддржи уште два дополнителни настани, споделувајќи ги најновите случувања поврзани со судската пракса на Европскиот суд за човекови права и неговите стандарди кои се однесуваат на недоследноста.

Ohrid 26 April 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Резиме на проектот

Проектот е ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа како дел од програмат Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility) и ќе биде спроведен од страна на Советот на Европа. Преку овој проект, Советот на Европа има за цел да им помогне на властите да ги надминат утврдените недостатоци и практични слабости поврзани со обуката, правејќи анализа на потребите и развивајќи сеопфатен курикулум за обука на судии, обвинители и останати правни практичари, како и за судиите од Уставниот суд за одредени тематски области од Европската конвенција за човековите права. Советот на Европа ќе го спроведува проектот во блиска соработка и во партнерство со Академијата за судии и јавни обвинители, “Павел Шатев“, Уставниот суд, Министерството за правда ( Канцеларијата на владиниот агент за застапување пред Европскиот суд за човекови права), Врховниот суд, апелациските судови и Народниот правобранител.

Цел на проектот

Генералната цел на проектот е да придонесе кон напорите на државата за зајакнување на капацитетите на правните практичари за заштита на човековите права и борбата против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста.

Цели и очекувани резултати

Конкретна цел 1: Подобрување на  капацитетите на судството за примена и заштита на стандардите за европските човекови права

Очекувани резултати:

  • Зајакнат и оддржлив интерен капацитет на Академијата за спроведување на обуки за човекови права за судии и обвинители
  • Судиите и обвинителите подобро ги толкуваат и применуваат одредбите од Европската конвенција за човековите права и судската пракса на Европскиот суд за човековите права
  • Уставниот суд поефективно ги применува европските стандарди за човекови права во случаи на поднесување на индивидуална жалба

Конкретна цел 2: Подобрување на капацитетите на судството за поефективна борба против нечовечното и понижувачкото постапување и против неказнивоста

Очекувани резултати:

  • Зајакнат капацитет на Академијата за судии и обвинители за обука на правни практичари за борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста
  • Зголемен капацитет на правните практичари за борба против нечовечно и понижувачко постапување и против неказнивоста во согласност со Европската конвенција за човековите права и со судската пракса на Европскиот суд за човекови права

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење: 18 месеци (од 1 декември 2016 до 31 мај 2018)
  • Проектот е затворен од 31 мај 2018
  • Корисници/Партнери: Aкадемија за судии и јавни обвинители, Уставен суд, Миистерство за правда, Народниот правобранител, Врховниот суд, Мисијата на ОБСЕ 
  • Финансиран од: Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 700,000 EУР
КОНТАКТ

 Атанас ГЕОРГИЕВСКИ, Проектен Ко-ординатор, Скопје

 Анамарија МИТРОВСКА, Проектен асистент, Скопје