Back Западен Балкан и Турција, на разговори околу спроведувањето на меѓународните рестриктивни мерки

Западен Балкан и Турција, на разговори околу спроведувањето на меѓународните рестриктивни мерки

Претставници од седум јурисдикции на Западен Балкан и Турција се состанаа во Скопје на 29-30 јануари 2019 година, на разговори околу "Ефективно спроведување на насочени финансиски санкции". Првиот ден од регионалната работилница се фокусираше на барањата поставени од страна на стандардите за финансиска акција (ФАТФ), Резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) и режимите за санкционирање на Европската унија (ЕУ) и нивното значење за надлежностите претставени на работилницата. Дискусиите опфаќаа елементи на системот на санкционирање што треба да ги има секоја јурисдикција, како и за развој на подобрувања на постојните практики и процеси што се веќе воспоставени. На вториот ден, главната тема беше на практичните аспекти на замрзнување на средствата и подобрување на националните координативни механизми. Претставниците на надлежните органи учеснички беа заинтересирани да ги запознаат чекорите што ќе треба да се преземат за да се изврши санкцијата во секој случај, а истовремено да се осигура дека се почитуваат правата на поединците погодени од какви било мерки за замрзнување. Дискусиите резултираа со мапирање на следните чекори за одделни земји и регионот, како и можностите за прекугранична соработка во овој поглед.

Настанот беше организиран благодарение на проектот Horizontal Facility на ЕУ / СоЕ против економскиот криминал и проектот ЕУ / СоЕ против економски криминал во Косово.

Скопје 29 -30 јануари 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

За Проектот

Проектот против економскиот криминал во "Поранешната Југословенска Република Македонија" има за цел да го подобри спроведувањето на клучните и неодамнешните препораки на Групата на земји против корупција (ГРЕКО) и Комитетот на експерти за евалуација на мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (MONEYVAL) ), и понатамошно зајакнување на институционалните капацитети за спречување и превенирање на корупцијата; перење на пари; и финансирање на тероризмот во согласност со европските стандарди. Акцијата ќе се фокусира на поддршка на властите во неколку насоки, вклучувајќи: поддршка за зајакнување на законодавството и регулаторните рамки; градење институционални капацитети; поддршка за зајакната меѓуагенциска и меѓународна соработка

Проектот е дел од Програмата “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција “ на Советот на Европа и Европската унија

Цел на проектот

Главна цел на проектот е да придонесе кон демократијата и владеење на правото преку превенција и контрола на економскиот криминал во согласност со европските и меѓународните стандарди.

Специфични цели на проектот :

  •  Законодавната рамка и насоките за заштита на укажувачите и пријавувањето од нивна страна е ревидирана и имплементирана
  • Подобрено законодавството и националната стратегија од областа на спречување перење пари и финансирање тероризам
  • Јакнење на капацитетите на Управата за Финансиско Разузнавање (УФР)
  • Јакнење на капацитеите на судството, обвинителството и органите за спроведување на законот во борбата со спречување на перење пари и финансирање тероризам
  • Подобрен СПП/ФТ превентивниот систем
  • Зголемување на капацитетите за меѓународна соработка на органите за спроведување на законот, УФР и супервизорите

Очекувани резултати на проектот :

  • Ревидирана и имплементирана законодавната рамка и насоките за заштита на укажувачите и пријавување како и подобрени капацитети на одговорните органи и НВО за следење на нејзиното спроведување
  • Засилен систем за спречување на перење пари и финансирање тероризам преку подобрување на правната и регулаторната рамка
  • Усвоена стратегија за спречување на перење пари и финансирање тероризам во која се согледани новите меѓународни стандарди
  • Подобрени законските овластувања, аналитичките и техничките капацитети на Управата за Финансиско Разузнавање (УФР)
  • Зајакнат капацитетот на судството, обвинителството и на органите за спроведување на законот за борба против перењето пари и финансирање на тероризам
  • Засилена супервизорската и регулаторна рамка (превентивни мерки) за СПП/ФТ
  • Зголемени СПП/ФТ супервизорските вештини на супервизорите
  • Зголемени превентивните мерки поврзани со краен сопственик и транспарентноста на правните лица
  • Подобрена меѓународната соработка на органите за спроведување на законот, УФР и супервизорите

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење: 24 мај 2016 – 23 мај 2019
  • Корисници/Партнери: Одделение за финансиски истраги, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Државен завод за ревизија
  • Финансиран од: Европската Унија и Советот на Европа
  • Буџет: 1,350,000 EУР
КОНТАКТ

 Илина ГАРЕВСКА, Раководител на проектот

 Мустафа ФЕРАТИ, Раководите на одделение, Оддел за борба против криминалот