Back Северна Македонија ја ажурираше Националната проценка за ризик за перење пари и финансирање тероризам

Северна Македонија ја ажурираше Националната проценка за ризик за перење пари и финансирање тероризам
Северна Македонија ја ажурираше Националната проценка за ризик за перење пари и финансирање тероризам

Преку четириесет претставници од јавниот и приватниот сектор се состанаа во Скопје со цел заедники да ги анализираат податоците поврзани со перење пари и закани од финансирање на тероризам, што воедно претставува и основа за ажурирање на Националната проценка за ризик за перење пари и финансирање тероризам во Северна Македонија.

Активноста беше организирана од страна на Проектот против економски криминал во Република Северна Македонија кој е во рамки на втората фаза од Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција – Фаза 2 (HFII-AEC-MKD). Иницијалното ажуририање на националната проценка на ризик беше изработено со поддршка од првата фаза од проектот.

Во текот на првите два дена од работилницата учесниците поделени во 8 (осум) тематски групи го дискутираа и анализираа ажурираниот предлог на документот. Во текот на последниот ден од работилницата координаторите на групите ги презентираа нивните наоди пред Националниот Управен Комитет за борба против перење пари и финансирање тероризам, по што истите беа дискутирани и одобрени.

Скопје 15 - 17 октомври 2019
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page