Back Состанок на вицепремиерката задолжен за политики за добро владеење и работната група одговорна за изготвување законски одредби за контрола на необјаснивото богатство

© Council of Europe

© Council of Europe

На 28 февруари 2022 година, работната група одговорна за изготвување на правната рамка за конфискација врз основа на неосудуваност имаше средба со новоименуваниот вицепремиер задолжен за политики за добро владеење, со цел да ја презентира својата досегашна работа и да разговара за нацрт-правната рамка.

Претставниците на работната група ја информираа вицепремиерката за чекорите кои се преземени во рамките на оваа активност која е поддржана од Проектот против економскиот криминал. Областите од особен фокус на дискусијата беа оценката на правната рамка во Република Северна Македонија, студијата развиена од Проектот против економски криминал за потенцијални законски решенија, придобивките и приоритетот од воведувањето на конфискација без осудителна пресуда како ефективна алатка и унапредување на процесот на изработка. Беа подвлечени некои од позначајните карактеристики на нацрт-законот и беше постигнат договор да се одржи еден последен состанок за да се разјаснат преостанатите отворени прашања пред да се достави нацртот до националните власти за понатамошна обработка.

Оваа активност е организирана и финансирана од Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey фаза II на Советот на Европа и Европската унија.

Skopje 28 February 2022
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page