Back Медиумско покривање на избори во Северна Македонија

Медиумско покривање на избори во Северна Македонија

Медиумите се важен чинител за развојот на едно демократско општество и нивната улога е клучна посебно во време на избори. Во таа насока, со наближување на изборите во Северна Македонија, во рамки на проектот Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС) на македонски јазик е преведена Препораката CM/Rec (2007)15 од Комитетот на министри до земјите членки за мерките за медиумско покривање изборни кампањи, и истата е сега достапна онлајн.

Оваа Препорака цели кон овезведување правично, избалансирано и непристрасно известување за изборни кампањи, без дискриминирање или поддржување на некоја конкретна политичка кампања или кандидат/ка. Принципите од оваа препорака се применуваат на сите видови политички избори кои се организираат во земјите членки, вклучително претседателски, владини, регионални и, онаму каде што е применливо, локални избори и референдуми.

Оваа препорака на Комитетот на министри за медиумско покривање на изборни кампањи е адресирана во „Водичот за етичко известување од избори во Северна Македонија“, документ неодамна изработен со цел да им помогне на новинар(к)ите, медиумските куќи, другите медиумски работници и емитувачи при известувањето во време на изборни кампањи. Овој документ е изработен од еден од партнерите на ЈУФРЕКС– Здружението на новинари на Македонија и истиот е достапен на нивната интернет страна на англиски, македонски и албански јазик.

Проект Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија – ЈУФРЕКС е дел од „Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција II”, заедничка програма на Европската Унија/Совет на Европа, имплементирана од страна на Советот на Европа, со цел да им помогне на корисниците во регионот на Западен Балкан и Турција да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и ЕУ acquis рамки на процесот на нејзиното проширување, онаму каде што е тоа применливо.

Скопје 3 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page