"Резултатите и активности се видливи, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и другите засегнати страни во соработка со проектот успешно ја подигна свеста на различни целни групи за ризиците од трговијата со луѓе " , изјави Магдалена Несторовска , Национален координатор на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегалната миграција, на отворањето на четвртиот состанок на Управниот одбор на заедничкиот проект на Европската Унија / Советот на Европа за "Спречување и сузбивање на трговијата со луѓе во Северна Македонија".
"Проектот во Северна Македонија ефикасно ги изврши активностите предвидени во работниот план за изминатите шест месеци во една хармонична соработка со институциите и невладините организации", заклучи Светлана Влаховиќ, заменик Национален координатор за трговија со луѓе , која претседаваше со состанокот.
Управниот одбор истакна дека покрај на пандемијата, проектот продолжува да ги зајакнува надлежните институции и засегнатите страни преку градење на капацитетите на образовни професионалци, правни професионалци, медиумите и новинарите, преку кампањи за подигање на јавната свест и образовни иницијативи за спречување и борба против трговијата со луѓе цел трудова експлоатација и трговијата со деца, како и преку обезбедување на првана поддршка за пристап до компензација за жртвите на трговија со луѓе . Во дискусијата беше истакната и создадената синергија меѓу ЕУ Делегацијата, националните институции и Советот на Европа, ефикасната комуникација и вмрежувањето за заедничка акција против овој криминал, што беше особено потребно во период на пандемија со COVID-19.
Состанокот се одржа он-лајн на 26 март 2021 година. Присуствуваа 23 учесници од Советот на Европа, Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија, Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, ресорните министерства, Државниот инспекторат за труд, Бирото за развој на образованието, Академијата за судии и обвинители, Адвокатската комора, Народниот правобранител, како и граѓански организации.
Овој настан беше организиран во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа "Хоризонтален инструмент за земјите од Западен Балкан и Турција, 2019-2022", имплементирана од страна на Советот на Европа .
