Back Говори со зборовите на мирот, биди промената!

Говори со зборовите на мирот, биди промената!

Новата публикација за говор на омраза, произведена во рамки на програмите за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, сега е достапна онлајн.

„Да говориме со зборовите на мирот! Говорот на омраза не е опција“ ги истражува концептите на говор на омраза, неговите манифестации, како и ризиците за човековите права и демократиите. Оваа брошура е создадена за секој поединец, за граѓански организации и сите останати кои чувствуваат потреба подобро да го разберат феноменот на говор на омраза и посакуваат да сторат нешто за борбата против говор на омраза, да му се спротистават во разноликите општества во кои живеат. Брошурата нуди објаснувања за говор на омраза како и предлози за дејства за спречување и за борба против говорот на омраза.

Сега достапна и на македонски јазик, публикацијата се преведува на повеќе јазици, за да биде дополнителна поддршка на кампањите за борба против омраза и други активности на организацијата на терен, вклучувајќи и поддршка за младинска мобилизација и граѓански активизам. „Да говориме со зборовите на мирот! Говорот на омраза не е опција“ сега е достапна како е-верзија на веб-страниците на Horizontal Facility, Партнерството за добро владеење и Одделот за антидискриминација на Совет на Европа и ќе биде пошироко споделена онлајн и презентирана на виртуелните настани организирани за време на пандемијата. Печатените примероци ќе бидат достапни оваа пролет во националните канцеларии на Совет на Европа и Европската Унија.

Верзиите на албански, босански, грузиски, црногорски, романски, руски, српски и украински јазик ќе бидат објавени кога ќе бидат достапни.

 

 Говорете со зборовите на мирот! Говорот на омраза не е опција

 

Оваа брошура е изработена како дел од заедничките програми на Европската Унија и Советот на Европа, „Партнерство за добро владеење“ (PGG) и „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“ (HF); поконкретно во рамки на проектите „Промоција на различноста и еднаквоста во Западен Балкан“ (HF)и „Зајакнување на пристапот до правда преку механизми за вонсудска правна заштита за жртвите на дискриминација, говор на омраза и криминал од омраза во рамки на Источното партнерство“ (PGG).

Западен Балкан 17 март 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page