Back Втор состанок на Работната група за изменување и дополнување на Законот за СПП/ФТ во Северна Македонија

© Shutterstock

© Shutterstock

По континуираната поддршка на националните власти во изменување и дополнување на Законот за СПП/ФТ, на 13 јули 2020 година, Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија на Советот на Европа/ Европската унија Horizontal Facility II организираше втора видео конференција со експерт од Совет на Европа и претставници на Управата за финансиско разузнавање. Дополнителните препораки дадени од консултантот на Совет на Европа ќе бидат земени предвид од страна на властите и ќе бидат инкорпорирани во нацрт врзијата на Законот, која ќе биде споделена со сите органи вклучени во процесот на борба против перење пари и финансирање на тероризам за нивните коментари пред да го достават за усвојување. Конечната нацрт верзија на изменетиот закон повторно ќе се дискутира со консултантот на Советот на Европа, со цел да биде усогласена со новата Стратегија за СПП/ФТ, која во моментов се подготвува со поддршка на Проектот.

Видео состанок 13 јули 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page