Back Нов документ со основни информации на тема слобода на изразување достапен на македонски јазик

Нов документ со основни информации на тема слобода на изразување достапен на македонски јазик

Секторот за извршување на пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) издаде нов документ со основни информации со фокус на извршување на пресудите од ЕСЧП во делот на слободата на изразување. Како што истакнува Европскиот суд, слободата на изразување е еден од примарните услови за напредок на демократките општества и за развој на секоја индивидуа. Слободата на изразување значи плурализам, толеранција и отвореност, без кои нема демократско општество, со што се остава малку простор за ограничувања на оваа слобода, посебно во два сегменти: политичкиот говор и прашањата од јавен интерес.

Во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа, „Слобода на изразување и слобода на медимите во Северна Македонија“, кој е дел од заедничката програма „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, овој нов документ со основни информации е преведен на македонски јазик и ќе биде споделен со правните професионалци/ки во Северна Македонија.

Овој документ содржи бројни примери на општи, и онаму каде што е тоа соодветно, индивидуални мерки усвоени и пријавени од Државите, во контекст на извршување пресуди од Европскиот суд, со цел заштита на слободата на изрзување, вклучително и безбедноста на новинарите/ките, слободата на печатот и заштитата на новинарските извори, медиумскиот плурализам и дозволите за емитување, слободата на комерцијалното и уметничкото изразување, споделувањето информации за време на избори, заштита на угледот и правата на другите и пропорционалноста во примената на законите и санкциите, слободата на изразување во контекст на националната безбедност, јавната безбедност и анти-тероризмот, и приемот на информации од затвореници/чки во казнени институции.

Достапноста на документот на македонски јазик ќе овозможи соодветна примена на судската пракса на Европскот суд за човекови права во локален контекст и ќе помогне во имплементацијата на европските стандарди во работата на правните професионалци/ки во Северна Македонија.

Документ со основни информации за слободата на изразување

 Англиски јазик

 Македонски јазик

Скопје 2 ноември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page