Back Правната анализа за состојбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки беше дискутирана со македонските судии и јавни обвинители

Правната анализа за состојбата и правата на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки беше дискутирана со македонските судии и јавни обвинители

Четириесет и шест судии и јавни обвинители учествуваа на онлајн дискусијата посветена на правната заштита на жртвите на трговија со луѓе во судските постапки, врз основа на „Правната анализа за состојбата и правата на жртвите на трговија со луѓе “. На состанокот беа разгледани европските стандарди и практики во областа и триесет и три пресуди за случаите на трговија со луѓе донесени во последните десет години во Северна Македонија. Учесниците особено ја истакнаа потребата да се обезбеди правна помош во најраната фаза и потребата да се заштити приватноста и безбедноста на жртвите на трговија со луѓе за време на судските постапки. Учесниците разговараа за правата на жртвите - странски државјани, употребата на видео записи во комуникацијата со жртвите, спречувањето на секундарна виктимизација, обезбедувањето на бесплатна правна помош и процедурални заштитни мерки за децата жртви на трговија со луѓе. Усвојувањето на нацрт- законот за кривична постапка со дополнително усогласување на процедурите со релевантните европски стандарди, исто така, беше дискутирано за време на состанокот .

Соња Мојсовска, претставник на Академијата за судии и јавни обвинители, ја нагласи важноста на организирање вакви активности за градење на капацитети кои придонесуваат за поефективна и подобрена заштита на жртвите.

Настанот беше организиран во партнерство со Академијата за судии и обвинители во Северна Македонија. Проектот за "Спречување и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија" е дел од програмата на Европската Унија / Советот на Европа Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II", која има за цел да им помогне на властите во Југоисточна Европа да се усогласат со стандардите на Советот на Европа и законодавството на Европската Унија во рамките на процесот на проширување.

Скопје 18 декември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page