Back Адвокат(к)и од Северна Македонија обучени на тема слобода на изразување и слобода на медиумите

Адвокат(к)и од Северна Македонија обучени на тема слобода на изразување и слобода на медиумите

Повеќе од 20 адвокат(к)и присуствуваа на каскадната обука на тема слобода на изразување и слобода на медиумите, организирана во рамки на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа, ЈУФРЕКС, во партнерство со Адвокатската комора на Северна Македонија.

Обуката поконкретно се фокусираше на говорот на омраза и клевата и како по нив постапува Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, наспроти домашната легислатива. Меѓународната експертка од Советот на Европа ги презентираше европските стандарди на ова поле и судската пракса на ЕСЧП, ставајќи акцент на важноста на обезбедувањето заштита согласно членот 10 од Европската конвенција за човекови права со кој се регулира правото на слобода на изразување.

Вреден придонес дадоа и локалните експерти во поглед на судската пракса и праксата на домашните судови во Северна Македонија и ги охрабрија учесниците/чките во иднина да се осврнуваат на судската пракса на ЕСЧП кога работат на случаи за говор на омраза и клевета во домашните судови.

Оваа каскадна обука придонесува кон зајакнување на капацитетите на адвокат(к)ите во Северна Македонија онака како што се поставени во Европската конвенција за човекови права, со цел да се осигура одржливост во текот на имплементацијата и примена на европските стандарди во нивната секојдневна професионална работа.

Овој настан беше организиран во рамки на Договорот за грант со Адвокатската комора на Северна Македонија за проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Скопје 25 февруари 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page