Во рамките на иницијативата за соработка на Европската унија / Советот на Европа, Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција, трета фаза, Советот на Европа го спроведува проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“.
Советот на Европа бара максимум 25 даватели на услуги, коишто поседуваат конкретна експертиза од областа на бесплатната правна помош (БПП), за поддршка на спроведувањето на проектот (вклучувајќи искуство во давање, раководење, анализа и реформи на услугите за бесплатна правна помош и градење на капацитетите).
Краен рок за поднесување на апликациите е 13 март 2023
