Back Отворање на курсот HELP за борба против трговија со луѓе за судии, јавни обвинители и истражители

Отворање на курсот HELP за борба против трговија со луѓе за судии, јавни обвинители и истражители

Советот на Европа и Академијата за судии и јавни обвинители во Северна Македонија денес го започнаа онлајн курсот за борба против трговијата со луѓе со цел да им помогнат на правните професионалци подобро да ги идентификуваат, истражуваат и судат случаите на трговија со луѓе и да им помагаат на жртвите. Се регистрираа вкупно 31 учесник, меѓу кои и судии, јавни обвинители, стручни соработници и истражители.

Трговијата со луѓе е кршење на човековите права и повреда на достоинството и интегритетот на човекот. Секоја година се бележат илјадници жртви на трговија со луѓе. Онлајн курсот е изработен врз основа на стандардите опфатени во Конвенцијата на Советот на Европа за акција против трговијата со луѓе и е развиен во рамките на Програмата на Советот на Европа за образование на човекови права за правни професионалци (HELP). Курсот истражува различни прашања низ перспективата на човековите права, вклучувајќи ги правните концепти, идентификацијата и помошта на жртвите на трговија со луѓе, принципот на не казнување, истрага, гонење и прашањето за обештетување. По успешното учество, сите учесници ќе добијат сертификат за стекнатото знаење.

Онлајн курсот HELP е организиран во рамките на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа, Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II – проект за „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“, спроведен од Советот на Европа, со поддршка на HELP одделението на Советот на Европа (Образование за човекови права за правни професионалци - HELP).

Скопје 29 април 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page