Back Родово заснованото насилство во медиумите во Северна Македонија: состојба, насоки, мониторинг

Родово заснованото насилство во медиумите во Северна Македонија: состојба, насоки, мониторинг

Проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија – ЈУФРЕКС 2“, како дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, успешно соработува со Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Во рамките на оваа соработка се одржа онлајн настан на кој беше промовиран неодамна изработениот „Водич на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на примената на стандардите за известување за случаи на родово засновано насилство во медиумите“.

Со оглед на фактот дека родово заснованото насилство во медиумите е комплексна тема која бара ангажман од сите чинители на секое ниво, дополнително на Водичот изработен од меѓународна експертка на Советот на Европа, Коалиција Маргини, со поддршка од Хеинрих Бел Фондацијата изработи анализа на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово заснованото насилство, додека ХОПС/UN Woman изработи Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите. Сите овие меѓусебно поврзани алатки кои се надополнуваат и кои ја поддржуваат работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа презентирани на онлајн промоцијата на која присуствуваат повеќе од 50 релевантни чинители и медиумски актери/ки.

Важноста на истражувањата и креирањето корисни алатки за мониторинг и известување за родово засновано насилство во медиумите беше препознаена од донаторите и од организациите на граѓанското општество, како и соодветните институции кои учествуваа на настанот. Сите се согласија дека медуимите мора да бидат свести за состојбата со родово заснованото насилство во земјата, како и за следењето одредени стандарди за известување. Медиумите треба да бидат свесни дека нивната работа, во смисла на почитување на минимум бараните стандарди за известување, е предмет на мониторинг.

Учесниците/чките дискутираа за родово заснованото насилство кое е проширено на различни контексти и против кое мора да се бориме на секое ниво: домашно и професионално, онлајн и офлајн. Потребно е да се разговара за родово заснованото насилство без ревиктимизација на жртвите или без морално осудување на жртвите, туку напротив да се разговара со цел охрабрување на жртвите да се исправат пред предизвиците и да пријават секаков вид на насилство.

Овој настан беше организиран во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“. Овој проект е дел од заедничката програма на Европската Унија/Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција II“, која им овозможува на корисниците да ги спроведат реформските планови во областите човекови права, владеење на правото и демократијата, и да се усогласат со европските стандарди, вклучително, по потреба, во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Скопје 11 ноември 2021
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page