Предлогот за законска правна рамка за конфискација без осудителна пресуда беше финализиран на средбата на работната група одговорна за овој процес, одржана на 22-24 септември 2021 година во Скопје. Работата на предлог законската рамка беше поддржана од Проектот против економскиот криминал преку документ за насоки што обезбедува потенцијални опции и преглед на добри практики во областа на враќање на недозволените средства, како и преку фасилитирање на работата на работната група.
Во текот на процесот на изготвување на предлог законската правна рамка, работната група го идентификуваше соодветниот модел на конфискација заснована на неосудуваност, надлежните органи и институционалната поставеност, како и оперативните аспекти поврзани со поднесувањето на предметот до граѓанскиот суд. Предлог законската рамка ја утврдува постапката за истрага и гонење поврзани со имот од необјаснето потекло. По финализирањето на предлог законската рамка, Проектот ќе ги разгледа и даде препораките во согласност со меѓународните добри практики.
Horizontal Facility II на Советот на Европа и Европската унија - Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија ќе продолжи да ги поддржува корисниците преку својата техничка помош и експертиза.
