Back КОВИД-19 и слобода на медиумите - насоки базирани на стандардите на Советот на Европа

КОВИД-19 и слобода на медиумите - насоки базирани на стандардите на Советот на Европа

- Слободата на изразување и информирање и слободата на медиумите се суштински за функционирање на едно вистински демократско општество и продолжуваат да бидат исто и во време на криза.[1] Обезбедувањето навремени информации за ризиците по јавното здравје е клучен елемент како одговор на кризата.

- Посебно внимание треба да се посвети на комуникацијата и споделувањето информации во врска со вирусот и неговото ширење, ризици од заразување, број на заболени/починати, како и со мерките кои се индиректно поврзани со политиката за социјално дистанцирање/изолација. Соодветно поврзаните ограничувања на слободата на изразување воведени во некои држави се потенцијална причина за загриженост.

- Медиумите играат клучна улога, заедно со зголемената одговорност во обезбедувањето точни, проверени информации за јавноста, но и во спречувањето паника и зајакнување на сфаќањето на луѓето на потребните ограничувања и како луѓето да соработуваат при имплементација на истите. Медиумските организации и новинар(к)ите треба да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди, да дадат приоритет на пораките кои се однесуваат на кризата а кои доаѓаат од властите, и да се воздржат од објавување, а со тоа и ширење на непотврдени стории.

- Гласини, погрешни информации и дезинформации има повеќе изгледи да му наштетат на јавниот ред и мир и на безбедноста на здравјето. Бидејќи вонредни услови бараат вонредни мерки (на пр. да се избегне ширење теории на заговор, лажни тревоги, итн.), некои ограничувања може да бидат потребни и оправдани. Сепак, државите треба да избегнуваат мерки што отстапуваат од гаранциите на член 15 од ЕКЧП, кои се широко и нејасно изречени, кои немаат предвидливост и/или веројатно ќе доведат до прекумерна криминализација. Соодветно, професионалните новинар(к)и треба да внимаваат кога ги проверуваат информациите кои доаѓаат од неофицијални извори пред да ги објават, и да се воздржат од објавување неверодостојни/сензационалистички материјали кои може да предизвикаат паника.

- Државите треба редовно и навремено да ја информираат јавноста за размерите и импликациите од кризата и владините мерки, да водат отворена комуникација која поттикнува верба и соработка од секоја индивидуа. Сепак, протокот на информации за пандемијата не треба да биде сведен на официјална комуникација. Тоа води до цензура и потиснување на легитимните грижи.

- Новинар(к)ите и медиумите, медиумските експерт(к)и, заедно со активист(к)ите од граѓанското општество и јавноста, треба да имаат право да ги критикуваат властите и да ги проучуваат нивните реакции на кризата. Ова е посебно важно сега, кога другите постапки на владите се одложени или им се посветува помалку внимание, посебно со вонредни мерки или дури и вонредни состојби во некои држави. Херојската приказна за Ли Венлианг, докторот-укажувач[2] од Кина, ја прикажува опасноста од потиснување на слободен тек на информации од клучна важност. Исто така, не е прифатливо да се користи епидемијата како предуслов за замолчување на политичките опоненти на моменталните влади.

- На крајот, едвај постои некаква оправданост за цензурирање на одредени теми, затворање на медиуми или директно блокирање на пристап до онлајн платформи за комуникација. Злонамерното ширење дезинформации се поврзува со екс-пост таргетирани санкции и со владините информативни кампањи. Државите треба да работат заедно со онлајн платформите, а медиумите да го спречат манипулирањето со јавното мислење и да дадат поголемо значење на начелно доверливи извори на вести и информации, посебно оние кои ги споделуваат јавните здравствени власти.

- Додека е природно да се ограничат физичките јавни собири, онлајн формите на граѓанско и општествено живеење не само што треба да се здржи, туку и активно да се поддржи од страна на државата.

 

 Целиот текст: Зачувување на слободата на изразување и информирање при справување со глобалната здравствена криза 

 

 За поопшти насоки на Советот на Европа за почитување на човековите права, демократија и владеење на правото за време на санитарната криза COVID-19, ве молиме видете ја следната алатка за земјите-членки

[1] Релевантни насоки може да се најдат во Упатствата на Советот на Европа за заштита на слободата на изразување и информации во време на криза

[2] https://www.bbc.com/news/world-asia-china-51403795

Ограничувања на слободата на изразување и слобода на медиуми во вонредна состојба                                                                                                                                                                            Бидејќи владите ширум светот прогласуваат вонредна состојба како одговор на појавата на КОВИД-19, од клучно значење е да се осигурат дека било кои од вонредните воведени мерки не ја нарушуваат слободата на изразување (член 10) и другите човекови права содржани во Конвенцијата и се „ и тоа строго во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата “ (член 15). Бидејќи ризикот од непропорционално мешање е особено голем за време на криза, владите треба да применат особена внимателност и претпазливост само за воведување мерки кои претставуваат „соодветен одговор на вонредната состојба“. Под никакви околности државите не можат да ја користат кризната состојба за да бараат прекумерни овластувања или да ја ограничат слободата на изразување. Цензура и контрола на информации, влијаење на независноста на медиумите, ограничувања на правото на пристап до јавни информации и контрола на постапките на владите, ограничувања на пристап на новинар(к)ите до извори на информации од прва рака, засилени мерки за надзор, загрозување на доверливоста на новинарските извори и други форми на мешање, сите тие носат директни и огромни ризици за темелите на демократијата. Сепак, квалитетно новинарство, информирана јавна дебата и соработка помеѓу јавните власти и медиумите би можеле да помогнат во зајакнувањето на граѓан(к)ите и да им помогнат на владите да ги надминат досега невидените предизвици.  Упатствата на Советот на Европа за заштита на слободата на изразување и информации во време на криза, претстојната Препорака на Комитетот за промовирање на поволно опкружување за квалитетно новинарство во дигиталната ера, како и други документи за утврдување на стандардите на Советот на Европа, особено, судската пракса на Судот (види, особено, Водич за член 15 од Конвенцијата) ќе послужат како референтни точки за земјите-членки на Советот на Европа во изнаоѓање начини да ја одржат пандемијата КOВИД-19 без да наштетат на слободата на изразување и другите човекови права.

6 мај 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page