Back Заеднички напори за спречување и борба против трговијата со луѓе во Македонија

Заеднички напори за спречување и борба против трговијата со луѓе во Македонија

Клучните корисници на борбата против трговијата со луѓе во Македонија ја потврдија потребата од заеднички напори за понатамошна превенција и борба против трговијата со луѓе во согласност со европските стандарди. Ова беше истакнато за време на состанокот на Управниот одбор на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа за "Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе во Северна Македонија", на кој учествуваа клучните претставници од Националната комисија за борба против трговијата со луѓе, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Академијата за судии и обвинители, организациите на граѓанското општество и секторот за меѓународна соработка. Учесниците разговараа за главните резултати постигнати за време на спроведувањето на проектот, и дефинираа важни приоритети за идните интервенции во борбата против трговијата со луѓе.

За време на состанокот беше утврден напредокот во спроведувањето на препораките наведени во Третиот извештај за проценка на Северна Македонија, на Групата експерти за акција против трговијата со луѓе. Учесниците се фокусираа на пристапот до бесплатна правна помош и надомест за жртвите на трговијата со луѓе, кривично-правниот одговор во однос на трговијата со луѓе, како и мерките за заштита од трговијата со деца и трудовата експлоатација.

На почетокот на 2025 година, проектот спроведе обука за спречување на трговијата со деца за експертскиот персонал на домовите за згрижување за деца без родителска грижа, со цел да се зголемат нивните капацитети за прелиминарна идентификација и помош на децата кои се потенцијални жртви. Покрај тоа, проектот против трговијата со луѓе го поддржа креирањето на материјали за обука за сеопфатна симулациска обука заснована на случај на трговија со луѓе. Во напорите да се подигне свеста за ризиците од трговијата со работна сила, успешно се спроведе иницијативата базирана на грантови за спречување на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, која вклучуваше работилници и комуникација на социјалните медиуми.

Проектот ќе продолжи да обезбедува градење на капацитети, знаење, и да им помага на локалните чинители во унапредувањето на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, со посебен фокус на детските присилни бракови и подобрен пристап до надомест за жртвите на кривични дела со насилство. Согласно мислењето на членовите на Управниот одбор, идните приоритети вклучуваат: пристап до руралните области за да се подигне свеста за ризиците од трговијата со луѓе; активности за градење на капацитети за онлајн трговијата со луѓе преку користење на информатичко-компјутерски технологии; спречување на трговијата со деца; и обезбедување сместување на жртвите на трговијата со луѓе во согласност со европските стандарди.

Проектот "Зајакнување на активностите против трговијата со луѓе во Северна МакедонијаЗајакнување на акцијата против трговијата со луѓе во Македонија" е дел од заедничката иницијатива на Европската унија и Советот на Европа "Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција”.

Скопје, Северна Македонија 28 април 2025
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page