Back Измена на македонското законодавство за укажувачи

Измена на македонското законодавство за укажувачи

На 29 септември 2020 година, работната група составена од претставници на Државната комисија за спречување на корупцијата и Министерството за правда, заедно со тимот на проектот и консултантот на Советот на Европа, одржаа онлајн дискусија за последните отворени прашања во врска со измената на македонското законодавство за укажувачи во согласност со важечките меѓународни стандарди, како и меѓународната добра практика. Работната група дискутираше и се согласи за најдобрите решенија за измена на законодавството и усвои нацрт верзија на законот за заштита на укажувачи. Нацрт законот ќе биде дискутиран, разгледан и усвоен од државните органи.

Целиот процес на измена на македонското законодавство за укажувачи беше поддржан од Проектот против економскиот криминал во Северна Македонија во рамките на Советот на Европа/Европската унија Horizontal Facility for Western Balkans and Turkey - Фаза II.

видео конференција 29 септември 2020
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page