Back Четиридневна обука за обучувачи посветена на зајакнување на судската експертиза

Четиридневна обука за обучувачи посветена на зајакнување на судската експертиза

Четиридневна обука за обучувачи (ТоТ) посветена на зајакнување на судската експертиза беше организирана во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

Обуката која беше фокусирана на Членот 10 од ЕКЧП, слободата на изразување, беше одржана на 14-17 февруари 2017 година во Охрид. На настанот се собраа 20 учесници, од кои 12 судии, 3 јавни обвинители и 5 адвокати. Обуката беше потпомогната од страна на двајца консултанти во поглед на предметната материја, меѓународен експерт на Советот на Европа како и национален експерт од областа на ЕКЧП. Трет меѓународен консултант, експерт на Советот на Европа од областа на методологија за образование на возрасни ја помагаше обуката од аспект на методологиски прашања.

Целата на обуката беше да се надгради знаењето на одбраните учесници, како во поглед на содржината така и во поглед на методолшкиот аспект за одржување на обука, се со цел креирање група на обучувачи за слободата на изразување и слободата на медиумите, кои би биле вклучени во идните каскадни обуки што ќе бидат организирани во текот на следните две години.

Настанот беше организиран во рамки на заедничкара програма „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ ко-финансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа а имплементоран од страна на Советот на Европа

Охрид 14-17 февруари 2017
  • Diminuer la taille du texte
  • Augmenter la taille du texte
  • Imprimer la page

Краток опис на Програмата

Ова е заедничка Програма финансирана од страна на Советот на Европа и Европската Унија, која се надоврзува на претходната работа на Советот на Европа со која се цели кон специфричните потреби во областа на слободата на изразување и медиумите во Југоисточна Европа.

Програмата се состои од серија обуки кои го опфаќаат правосудството преку иновативната HELP методологија како и од специфични активности насочени кон регулатори, новинари и јавни медиумски сервиси, во врска со меѓусебно поврзаните сегменти, а кои се од сериозно значење за слободата на изразување и остварувањето на човековите права, согласно Европските стандарди и стандардите на Советот на Европа.

Корисниците на Програмата се: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, „поранешната Југословенска Република Македонија“, Косово*. Регионална компонента на Програмата е посветена на креирањето можности за размена на најдобри искуства и пронаоѓање заеднички решенија за слични проблеми.

*Оваа ознака е без предрасуди кон позициите за статусот и е во согласност со UNSCR 1244 и Мислењето на МСП за Декларацијата за независност на Косово.

Главна Цел

Севкупна цел на проектот е унапредување на слободата на изразување и на слободата на медиумите во согласност со стандардите на Советот на Европа, со посебен фокус на правосудството во Југоисточна Европа.

Цели и очекувани резултати

  Посебна цел 1: Поттикнување на примената на Европската конвенција за човековите права (ЕКЧП) и на судската практика на Европскиот суд за човековите права (ЕСЧП) во областа на слободата на изразување во секојдневната работа на судиите преку толкување и спроведување на законодавството во согласност со европските стандарди.

Очекувани резултати:

  •  Зголемен е бројот на домашни пресуди во кои се одразува примената на член 10 и на судската практика на ЕСЧП

  Посебна цел 2: Зајакнување на капацитетот на националните центри за обука, на академиите за судии и обвинители и на адвокатските комори за обука на правни стручњаци за ЕКЧП, судската практика на ЕСЧП и за други европски стандарди за слободата на изразување.

Очекувани резултати:

  •  Изработени се наставни планови за обука за член 10 и подобрен е капацитетот на националните институции за обука во однос на слободата на изразување и на медиумите

  Посебна цел 3: Зголемување на свеста и капацитетот на судии, јавни обвинители и адвокати што се занимаваат со прашања поврзани со слободата на изразување за стандардите на Советот на Европа и за судската практика на ЕСЧП.

Очекувани резултати:

  • Воспоставен е регионален форум на правни стручњаци и редовно се состанува за дискусија за добрите практики и обезбедува меѓусебна соработа за развојот на домашната судска практика во согласност со судската практика на ЕСЧП во однос на прашањата на медиумите, имено членовите 6, 8 и 10.

  Посебна цел 4: Зајакнување на независноста и на ефикасноста на телата одговорни за регулирање на електронските медиуми, во согласност со европските стандарди

Очекувани резултати:

  •  Студии за независноста и за ефикасноста на регулаторните органи и понатаму се доставуваат на барање од националните органи;
  •  Се зајакнуваат професионалните капацитети на вработените од регулаторните органи;
  •  Развиена е регионална соработка меѓу регулаторите; воспоставена е размена на добрите/лошите практики.

  Посебна цел 5: Унапредување на правата и на одговорностите на новинарите и развој на професионализмот, одговорноста и на почитувањето на етичките правила меѓу новинарите врз основа на судската практика на ЕСЧП и на другите правни инструменти на Советот на Европа.

Очекувани резултати:

  •  Воспоставен е структуриран дијалог меѓу учесниците од медиумите, саморегулаторните тела, судиите, политичарите, парламентарците и активистите за човекови права на национално и на регионално ниво. Учесниците од медиумите се свесни за своите должности и одговорности и нивните професионални капацитети се зајакнати

Оваа веб-страница е изработена со средства од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа. Ставовите тука искажани не може на ниеден начин да бидат протолкувани како официјално мислење на Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ
  • Времетраење: 36 месеци (мај 2016 – август 2020)
  • Корисници/Партнери: Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Косово*, Црна Гора, Србија и Турција
  • Финансиран од: Европската унија и Советот на Европа
  • Буџет: 3 750 000 евра

* Оваа ознака не е во спротивност со позициите за статусот и е во согласност со Резолуцијата 1244/1999 на Советот за безбедност на ОН и Мислењето на МСП за Косовската декларација за независност.

Слобода на изразување website

Опис на проектот

КОНТАКТ

 Борис ЛАЗОВ, Раководител на проектот, Скопје