Референтна Рамка На Компетенции За Демократска Култура
Книга 2: Дескриптори на компетенцииза демократска култура
ISBN: 978-92-871-8573-0(three-volume box set)
Corporate Author: Council of Europe
Authors:
Publication Date : 2019
Languages: Macedonian
Also available in: Albanian Armenian Azeri English Estonian Finnish French Georgian German Greek Japanese Portuguese Romanian Serbian Slovak Spanish Ukrainian
Советот на Европа ги промовира и ги штити човековите права, демократијата и владеењето на правото. Овие принципи со години ги претставуваат темелите на европските општества и политички системи. Сепак, тие треба да се одржуваат и поттикнуваат и во време на економска и политичка криза. Повеќето луѓе би се согласиле дека демократијата претставува форма на управување од или во име на народот и дека не може да функционира без институции што обезбедуваат редовни, слободни и фер избори, волја на мнозинство и одговорност на владата. Сепак, овие институции не можат да функционираат доколку самите граѓани не се активни и посветени на демократските вредности и ставови. Образованието тука има централна улога. Оваа Референтна рамка ги поддржува образовните системи во наставата, учењето и оценувањето на компетенциите за демократска култура и обезбедува кохерентен фокус на широкиот опсег на користени пристапи. Оваа втора книга содржи дескриптори на компетенциите за демократска култура кои се воведени во првата книга. Овие дескриптори се наменети да им помогнат на наставниците да ги идентификуваат резултатите од учењето, постигнатото владеење на компетенциите по периодот на учење и областите на кои им е потребен понатамошен развој. Понатамошо водство за имплементација на Референтната Рамка е понудено во третата книга