Човекови права, Демократија, Владеење на правото
 

Советот на Европа се залага за почитување на слободата на изразување и медиумите, слободата на здружување, еднаквоста и заштитата на малцинствата. Има покренато кампањи за прашања поврзани со заштитата на децата, говорот на омраза преку Интернет и за правата на Ромите како најголемо малцинство во Европа. Советот на Европа им помага на државите членки да се справат со корупцијата и со тероризмот и да спроведат неопходни реформи во правосудниот систем. Групата на експерти по уставно право, позната како Венецијанска комисија, дава правни совети на многу земји ширум светот.

Советот на Европа ги промовира човековите права преку меѓународни конвенции, како што се Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство и Конвенцијата за компјутерски криминал. Го следи напредокот на државите членки во овие области и дава препораки преку независни експертски тела кои вршат мониторинг во дадените области. Државите членки на Советот на Европа повеќе не ја применуваат смртната казна.

Did you know?
The 10 000 pharmaceutical products manufactured and sold in Europe are subject to strict controls thanks to the work of the European Directorate for the Quality of Medicines & HealthCare.

Web Content Display Web Content Display
Квиз Квиз

Советот на Европа е посебна организација од Европската унија која брои 27 земји членки. Но ниедна земја не станала членка на Европската унија без претходно да е членка на Советот на Европа.

Колку земји членки има Советот на Европа?

  1. 39
  2. 42
  3. 47
Close

Погрешен одговор...

Close

Погрешен одговор...

Close

Точен одговор!