Генерален секретар

Генералниот секретар го избира Парламентарното собрание со мандат од пет години на чело на организацијата. Тој е одговорен за стратешкото планирање и за насочување на програмата за работа и буџетот на Советот на Европа. Тој ја води и претставува организацијата.
Веб-страница

 

Заменикот генерален секретар го избира Парламентарното собрание, исто така за петгодишен мандат, на избори одделни од оние за Генералниот секретар.
Веб-страница

 


Комитет на министри

Тоа е тело на Советот на Европа кое донесува одлуки и е составено од министрите за надворешни работи на секоја држава членка или на нивните постојани дипломатски претставници во Стразбур. Комитетот на министри одлучува за политиката на Советот на Европа и го одобрува неговиот буџет и програмата на активности.
Веб-страница


Парламентарно собрание (PACE)

Парламентарно собрание го сочинуваат 306 членови на парламентите на 46-те држави членки; Собранието ги избира Генералниот секретар, Комесарот за човекови права и судиите на Европскиот суд за човекови права; овозможува демократски форум за дебата и ги следи изборите; неговите комитети имаат важна улога во испитување на тековните прашања.
Веб-страница


Конгрес на локални и регионални власти

Конгресот на локални и регионални власти е институција на Советот на Европа одговорна за јакнење на локалната и регионалната демократија во неговите 46 држави членки. Составен од два дома - Дом на локалните власти и Дом на региони – и три комитети, тој обединува 612 избрани претставници кои застапуваат повеќе од 150.000 локални и регионални власти.
Веб-страница


Европски суд за човекови права

Ова е постојано судско тело кое на сите Европејци им ги гарантира правата заштитени со Европската конвенција за човекови права. Тој е отворен за држави и поединци без оглед на националноста. Сите 46 држави членки на Советот на Европа се страни потписнички на Конвенцијата.
Веб-страница


Комесар за човекови права

Комесарот за човекови права независно разгледува и го свртува вниманието кон повредите на човековите права.
Веб-страница

 


Конференција на меѓународни невладини организации

Конференцијата вклучува околу 400 меѓународни невладини организации. Таа обезбедува значајни врски помеѓу политичарите и јавноста и го пренесува гласот на граѓанското општество во Советот. Работата на Советот има голема корист од експертизата на меѓународните невладини организации и нивната теренска работа со европските граѓани.
Веб-страница


Глобална Соработка

Советот на Европа има воспоставено блиско партнерство со Европската унија, а соработува и со Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и со многу други земји во светот.
 

Did you know?
Eurimages, set up in 1988, is the first European cinema support fund.

Квиз

Која од земјите подолу не е членка на Советот на Европа?

  1. Швајцарија
  2. Украина
  3. Белорусија
Close

Погрешен одговор...

Close

Погрешен одговор...

Close

Точен одговор!