За организацијата

Советот на Европа има седиште во Стразбур, Франција. Организацијата вработува 2.200 лица и има надворешни или канцелари за врски со други меѓународни организации. Европските младински центри во Стразбур и Будимпешта обезбедуваат обука за младите за прашања поврзани со демократијата и човековите права.

Згради
 

Палатата на Европа (Palais de l’Europe)

Дизајнирана од францускиот архитект Анри Бернар (Henry Bernard) и инаугурирана во 1977 година, Палатата на Европа е главната зграда на Советот на Европа. Нејзиниот влез е обрабен со знамињата на сите држави членки на Советот. Надворешниот слој на платата е мозаик од контрастни бои, кои можат да се најдат на бетонот на носечките ѕидови, фасадата покриена со алуминиум и големите прозорци на конференциските сали. Пред палатата се протега тревник на кој се наоѓала зградата која и претходела на Палатата на Европа – Домот на Европа (Maison de l’Europe).


  Зградата Агора (Agora)

Агора е најновата зграда на Советот на Европа која своето име го добила од старогрчкиот збор за отворено место за собири. Беше инаугурирана во април 2008 година и дизајнирана од архитектонските фирми Art & Build (Брисел) и Denu et Paradon (Стразбур). Таа ги комбинира модерноста, ефикасноста и почитувањето за животната средина. Зад нејзината голема, сјајна фасада се наоѓаат два атриума, кои се поврзани со сали за состаноци обложени со патиниран бакар. Структурата е покриена со забележителен конзолен метален покрив, на кој се наоѓаат два соларни панели, обликувани за да овозможат природна вентилација на атриумите.


  Зградата на човековите права

Инаугурирана во 1995 година, Зградата на човековите права се извива покрај Ил, реката која тече низ Стразбур. Оваа зграда е едно од најмаркантните достигнувања на големиот британски архитект лорд Ричард Роџерс (Lord Richard Rogers), кој исто така ги дизајнираше Центарот Жорж Помпиду, Милениумската купола во Лондон и зградата на Националното собрание на Велс. Зградата е облеана со симболика (фасадата потсетува на вагата на правдата) и се користат современи материјали (либерално користење на стаклото како метафора за транспарентност). Предниот дел на Зградата на човековите права го сочинуваат две цилиндрични комори на Европскиот суд за човекови права.


  Европскиот директорат за квалитет на лековите и здравствената заштита (EDQM)

Новата зграда на Европскиот директорат за квалитет на лековите и здравствената заштита се наоѓа позади зградата Агора. Дизајнирана од архитектите од фирмите Art & Build од Брисел и Denu and Paradon од Стразбур, зградата беше инаугурирана во март 2007 година. Комбинацијата на заоблено стакло и дрвена структура дават модерна естетика со современа функционалност и таа вклучува лаборатории, канцеларии и сали за состаноци кои се во функција на сé поголемата улога на организацијата во следење на квалитетот на лековите во Европа и пошироко.


  Европскиот младински центар

Дизајниран од норвешките архитекти Лунд (Lund ) и Слато (Slaatto), оваа функционална, современа зграда од 1972 година примила десетици илјади млади луѓе од различно потекло. Центарот е лоциран во областа Вакен (Wacken). Европскиот младински центар, кој е исклучителен пример на скандинавската архитектура, ја комбинира грубоста на бетонот со алуминиумот притоа давајќи силен ефект.

Did you know?
The Council of Europe's 47 member states form a death-penalty-free zone. Since 1985, the abolition of the death penalty has been a requirement for membership of the Council of Europe.

Web Content Display Web Content Display
Квиз Квиз
Close

Погрешен одговор...

Close

Точен одговор!

Close

Погрешен одговор...