За да се обезбеди висок квалитет на курсевите на ХЕЛП, неопходно е на туторите на ХЕЛП да им се обезбедат релевантни обуки за методологијата и за платформата за е-учење на ХЕЛП.

Целта на обуките за обучувачи на ХЕЛП е да се подготват учесниците да ја исполнат улогата на обучувачи за ХЕЛП за нивните национални институции за обуки. Програмата е дизајнирана да покаже како да се адаптира модел – наставниот план на ХЕЛП во националниот правен поредок и како да се креираат сопствени курсеви користејќи ја методологијата на ХЕЛП, материјалите за модел на курс, алатките и ресурсите достапни на платформата за е-учење, како и интерактивните техники за обука. За ова, постоечките наставни планови на ХЕЛП се користат за да ја илустрираат методологијата за обуки.

Кандидатите за обуките за обучувачи – ОО (Training of Trainers - ToT) се селектираат преку тесна соработка со членките на мрежата ХЕЛП и со други национални партнери, на основа на нивното професионално искуство.

Успешните учесници во ОО се вклучуваат во листата сертифицирани обучувачи за ХЕЛП, така што и канцелариите на Советот на Европа и националните институции за обуки можат да ги вклучат во националните или меѓународните активности во врска со ЕКЧП.

Обучувачите за курсевите на далечина или комбинираните курсеви на ХЕЛП исто така се селектираат од редовите на овие експерти.

Сертифицирани обучувачи за ХЕЛП

Од 2014 одржани се 4 обуки за обучувачи.

Следниве обучувачи се сертифицирани од страна на Програмата ХЕЛП:

*All references to Kosovo, whether the territory, institutions or population, in this text shall be understood in full compliance with United Nation's Security Council Resolution 1244 and without prejudice to the status of Kosovo.