Avenue de l'Europe
F-67075 Strasbourg Cedex
Tel. +33 (0)3 88 41 20 00
www.coe.int

Мрежата ХЕЛП

Главни задачи

Мрежата ХЕЛП, единствената паневропска мрежа за обуки за човекови права, е составена од претставници на националните институции за обуки на судии и обвинители (НИО) и адвокатските комори (АК) на 47те држави-членки на Советот на Европа.

На мрежата ХЕЛП ѝ е доверено спроведувањето на ставот 9.vi од Брајтонската декларација од 2012 година. Во оваа смисла, Мрежата:

  • промовира развој и унапредување на почетна и континуирана обука на правни професионалци за стандардите на ЕКЧП, како што се интепретирани низ судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП);
  • споделува најдобри практики и обезбедува совети за наставните планови, материјалите за обука и методологијата за обука за правни професионалци, идентификувајќи приоритетни теми за идни активности за обука;
  • обезбедува совети за тоа како да се поддржат државите-членки во зајакнување на капацитетите на судиите, обвинителите и адвокатите за примена на ЕКЧП на национално ниво во нивната секојдневна работа, преку соодветни обуки за ЕКЧП и други поврзани теми;
  • обезбедува совети за тоа како да се зајакнат капацитетите на адвокатите да се придржуваат до критериумите за допуштеност на апликациите поднесени до ЕСЧП, зголемувајќи го квалитетот на добро засновани апликации пред ЕСЧП;
  • обезбедува широко распространето знаење и користење на ресурсите за обука на ХЕЛП меѓу правните професионалци;
    промовира подобра координација меѓу меѓународните и националните институции за обука за човекови права за правни професионалци.

Работни методи

Мрежата ХЕЛП ќе ги координира своите активности со Секретаријатот на Програмата ХЕЛП. Вообичаено ќе се одржуваат состаноци еднаш годишно во просториите на Советот на Европа во Стразбур. Состаноците на Мрежата ќе се организираат на следниов начин:

Пленарен состанок: 94 членови (150 вклучувајќи ги партнерите и набљудувачите), 1 дводневен состанок годишно. Оваа Годишна конференција на ХЕЛП мрежата претставува можност за:

  • размена на најдобри практики во 47те држави-членки во областа на едукацијата за човекови права за правни професионалци, како и за методологијата за обуки (вклучувајќи го и развивањето нови алатки за оценка на влијанието и ефектот на обуките);
  • широка проценка на потребите за обуки за правни професионалци во 47те држави-членки;
  • поставување Патоказ и приоритети за следната година (идентификување на приоритетни теми, иницијативи за мултинационални и мултидисциплинарни обуки итн.).

Партнери

  • Европската мрежа за судска обука (ЕМСО)
  • Меѓународни здруженија на судии
  • Советот на адвокатските комори и друштва на Европа (САКД)
  • Федерација на европски адвокатски комори (ФЕАК)
  • Европскиот суд за човекови права
  • Професионални здруженија на адвокати
  • Мрежи за правна помош и правни клиники специјализирани за човекови права
  • Фондација Мемоар Албер Коен